Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда

Објавено June 7, 2025 15:55
Сподели
Сподели

Тоа што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда. Европската идеја не смее да се сведува на билатерални уцени, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за Независната балканска новинска агенција (ИБНА) и ја истакнува посветеноста на Владата на европските реформи на патот кон ЕУ, но и нагласува дека време е Европа да се соочи со прашањето: дали регионот навистина е дел од нејзината иднина и ако е така „тогаш вратите треба да се отворат со почит и партнерство, а не со нови барања и условувања“, јави дописничката на МИА од Атина.

Интервјуто на министерот за ИБНА е за време на неговата посета на општината Преспа во Грција, во четвртокот, кога започнаа работите за изградбата на граничниот премин Маркова Нога – Лемос во делот на грчка територија, а Тошковски говори и за ЕУ перспективата на земјава, за соработката со Грција, за мигрантското прашање, за Договорот од Преспа, но и за случуваењата во владината коалиција и нагласува дека „Владата е стабилна“.

За новиот граничен премин, Тошковски вели дека е повеќе од инфраструктурен проект, „тоа е симбол на зрелост, одговорност и европска перспектива“, но и доказ дека можеме да ја градиме иднината врз основа на заеднички интереси што ги носат нашите држави поблиску до Европа.

– За регионот на Преспа, ова значи нова енергија и економска и туристичка и културна. Локалните заедници на двете страни на границата добиваат нова шанса за развој, а државите покажуваат зрелост и визија. Овој премин нема да ги поврзува само двете држави, тој ќе ги поврзува луѓето, историите, природата и иднината претставувајќи вистински европски пример за прекугранична соработка, истакнува министерот.

Паралелно се осврнува и на неговто портфолио и соработката со јужниот сосед, нагласувајќи дека „и покрај политичките турбуленции во минатото, полициската соработка меѓу двете земји е на навистина високо ниво“.

Додава дека двете Министерства за внатрешни работи имаат активна, континуирана и практично ориентирана комуникација, особено, како што вели, во делот на размена на информации, заеднички оперативни активности и справување со прекугранични закани, а се осврнува и на разговорите со грчка страна за ситуацијата на грнаичниот премин Богородица – Евзони, нешто што беше и на агендата на неговата средба во Преспа со министерот за внатрешни работи на Грција Теодорос Ливаниос.

– Во наредниот период планираме да го интензивираме дијалогот со грчката страна за изнаоѓање одржливи решенија кои ќе го забрзаат протокот на патници на граничниот премин Богородица – Евзони, бидејќи токму тој е главната комуникациска артерија, не само за нашите граѓани, туку и за туристите и транспортните оператори од целиот регион. Брз и ефикасен премин таму е прашање на економија, на безбедност и на европска интеграција во пракса, објасни министерот.

Позитивно ја оценува соработката со Грција и во однос на мигрантското прашање за кое објаснува дека, ние, како земја се наоѓаме на една од клучните миграциски рути кон Европа и поради тоа имаме сериозна улога во справувањето со овој предизвик, а иако не сме членка на ЕУ, „постапуваме како вистински партнер, професионално, одговорно и во интерес на регионалната безбедност“.

– Со грчките власти постои оперативна комуникација, особено во делот на размена на информации и координација на активности. Но, реалноста е дека миграцискиот притисок најсилно се чувствува на нашата територија, каде што нашите сили ја вршат работата на првата линија. И со сигурност можам да кажам дека тоа го прават многу успешно, објаснува министерот и додава дека македонската полиција секојдневно ја штити јужната граница на Европа, што е „наш конкретен придонес кон европските вредности, не декларативно, туку на терен, со реални резултати“.

Во интервјуто за ИБНА, како што пренесе МИА, министерот говори и за ЕУ перспективата на земјава, по бугарските барања, велејќи дека тоа што се случува во европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда, но и дека „европската идеја не смее да се сведува на билатерални уцени“.

– Како Влада, ќе продолжиме да работиме на реформите, на владеење на правото, на борба против корупцијата, не затоа што некој ни го наметнал тоа, туку затоа што тоа е потребно за нашето општество. Но, истовремено, ќе го кажеме јасно и достоинствено нашето „доста е“. Време е Европа да се соочи со прашањето: дали Западниот Балкан навистина е дел од нејзината иднина? Ако одговорот е да, тогаш вратите треба да се отворат со почит и партнерство, а не со нови барања и условувања, нагласи Тошковски.

За Договорот од Преспа објаснува дека ставовите на партијата се „добро познати и тие не се менуваат од денес за утре“, но посочува дека „кога станува збор за водење на државата, одговорноста е поголема од емоцијата“.

– Како Влада, целосно ги знаеме меѓународните обврски кои треба да се почитуваат, пред сè за да се заштити државата од нови кризи и блокади. Тоа значи дека, без разлика на нашите лични или политички ставови, ние ќе постапуваме државнички, достоинствено и со јасна цел да обезбедиме стабилност, просперитет и европска иднина за нашите граѓани, објасни министерот.

Во однос на последните случувања во владината коалиција истакнува дека „Владата е стабилна, со јасно парламентарно мнозинство и силен легитимитет добиен од граѓаните“ и додава дека политичките коалиции се дел од динамиката на секоја демократија, доаѓаат и си заминуваат, но државниот курс мора да остане цврст и јасен.

– За нас, најважна е довербата на граѓаните и обврските што ги имаме кон нив. Институциите функционираат, реформите продолжуваат, а безбедноста и сигурноста остануваат наш врвен приоритет. Во овој момент, немаме време за политички калкулации, туку имаме обврска да испорачуваме резултати и токму тоа го правиме, рече министерот за внатрешни работи Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес во Грција – почувствуван и во Македонија
Следна Статија ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана

Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија формирана од министерот за здравство од утрово прават увид во Универзитетската клиника…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заврши распустот: Учениците од утре се враќаат во школо

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година.…

January 19, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?