Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не бил казнет братот на градоначалникот на Гази Баба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не бил казнет братот на градоначалникот на Гази Баба
МАКЕДОНИЈА

Тошковски најави кривична одговорност за вработениот во МВР по чија наредба не бил казнет братот на градоначалникот на Гази Баба

Објавено April 28, 2025 21:07
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави кривична одговорност за полицискиот службеник по чија наредба не е казнет братот на градоначалникот на општина Гази Баба кој возел побрзо од дозволеното и наместо него е казнет сосема друг граѓанин кој воопшто нема врска со сторениот прекршок.

Беше утврдена фактичка состојба многу пострашна од онаа што беше објавена од СДСМ, односно се утврди дека конкретниот полициски службеник постапил спротивно на неговите законски овластувања и дозволил одредено лице да помине без соодветна казна што требало да му биде изречена. Тоа е првиот прекршок. Вториот прекршок којшто е уште пострашен е тоа што недолжен граѓанин, кој не е поврзан со настанот, го навел во рамки на документацијата што се изготвува од страна на Министерството за вантрешни работи со што сторил одредено кривично дело кое ќе биде процесурирано од страна на Министерството за внатрешни работи, изјави попладнево Тошковски за телевизија „Сител“.

Братот на градоначалникот на Гази Баба кој возел со 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час, според министерот Тошковски, денеска сам се пријавил во полициската станица „Пролет“ и му е изречена прекршочна парична казна од 300 евра, а ќе се процесуира и забрана за управување со моторно возило.

Овој случај МВР го расветли веднаш по информациите во јавно достапните гласила. Да упатам порака дека секој полициски службеник мора да постапува согласно закон и согласно стандардно-оперативни процедури. Никој нема никого да има шанса да го спаси од дисциплинска или друга одговорност, рече Тошковски.

Опозициската СДСМ денеска обелодени дека на 20 април на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата со радар фатила возило со преголема брзина кое било управувано од братот на градоначалникот на Гази Баба и дека полициските службеници не го казниле по наредба на началник во МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба со директорот за статистика на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
Следна Статија Кога имаш харизма сите врати ти се отворени: Скопската публика ја сака Нина Бадриќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Меџити: Затворени се 226 онлајн казина

Досега се затворени 226 онлајн казина што работат на територијата на Северна Македонија, бројот на казина е намален за 40%,…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со донација од 800.000 евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Со донација од околу 800 илјади евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?