Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Поднесени се кривични пријави за три фирми и 34 луѓе – Ќе се гонат за тешки дела против општата безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тошковски: Поднесени се кривични пријави за три фирми и 34 луѓе – Ќе се гонат за тешки дела против општата безбедност
ХРОНИКА

Тошковски: Поднесени се кривични пријави за три фирми и 34 луѓе – Ќе се гонат за тешки дела против општата безбедност

Објавено March 21, 2025 15:49
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција изјави дека заедно со Јавното обвинителство е завршена првата фаза од несреќата во кабарето „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица, а 197 повредени.

– Поднесени се кривични пријави против вкупно 34 физички лица и 3 правни лица за кривично дело тешки дела против општата безбедност по член 292 во врска со предизвикување општа опасност по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено за примање поткуп по член 357 од Кривичниот законик – рече министерот.

Тошковски потенцираше дека оваа трагедија поттикнала мобилизација на сите институции.

– МВР веднаш ги активираше сите свои капацитети, од обезбедување на местото на трагедијата, евакуација и извлекување на повредените, регулирање на сообраќајот. Исто така и за логистичка поддршка за транспорт и лекување на повредените, како во земјава, така и во странство. Над 250 лица беа брзо и безбедно транспортирани до болниците низ државата, а над 100 лица до граничните премини. За повредените и нивните најблиски веднаш беа изработени итни патни документи за патувањата – додаде тој.

Министерот им се заблагодари на сите институции и здравствените работници, докторите, болничарите, волонтерите од Црвен крст, луѓето од ЦУК, пожарникарите, обвинителите и тимот на обвинителството. Посебно се заблагодари на меѓународните пријатели кои дадоа помош и поддршка за повредените.

– На овој ден кога болката уште силно одекнува, но чувството за одговорност обврзува на дејствување, се обраќам до јавноста со една клучна порака: Македонија мора да победи во битката со системската корупција која одзеде 59 млади животи. Кога се случи сето ова, со болка во душата потенциравме дека нема да има компромиси со правдата, ветивме дека ќе има брза и ефикасна и праведна истрага. Многумина избрзаа со заклучоци, некои со право се сомневаа, а некои сакаа да ја искористат оваа трагедија и за други цели. Некои се обидуваа да судат и да бидат обвинители, истражители, морален суд иако ги немаа фактите. Јас сум благодарен на сите оние кои искрено и со душа и преку јавни текстови, критики, отворање на дилеми и совети се присутни во јавноста – рече тој.

Тошковски рече дека е благодарен на народот во Македонија за трпението кое го покажува, заедништвото и слогата која ја демонстрира во овие судни, траорни и трагични моменти за Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина
Следна Статија Систина: Владимир Блажев – Панчо е во стабилна состојба и во моментов не е во животна опасност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

20-годишниот Македонец кој се удави во Ханиоти имал срцев удар, откри спасувачот

Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што…

June 26, 2025
ХРОНИКА

Приведен тетовец – се заканувал на новинарка на социјалните мрежи

Полицијата во Тетово уапси 49-годишен жител на градот поради закани упатени кон новинарка на социјалните мрежи, соопшти Министерството за внатрешни…

October 30, 2025
ХРОНИКА

Утре наутро продолжува потрагата по 16-годишното дете во Вардар

Потрагата по исчезнатото 16-годишно дете во реката Вардар е привремено прекината поради лоши услови за претрага во текот на ноќта.…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Уапсен скопјанец: Ја следел поранешната девојка

Полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце вчера го лишија од слобода С.К. (30) од Скопје. -Полицијата постапила по пријава од…

June 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?