Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Ја намаливме стапката на криминалот, тоа се должи на професионалноста и неселективноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Ја намаливме стапката на криминалот, тоа се должи на професионалноста и неселективноста
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминалот, тоа се должи на професионалноста и неселективноста

Објавено June 16, 2025 10:48
Сподели
Сподели

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше колку Македонија е безбедна држава и потенцираше дека македонските граѓани прават разлика од тоа како било претходно, а како е сега и тоа се должни на многуте акции кои беа спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи.

Мислам дека македонските граѓани прават разлика помеѓу она што го начекавме, она што го оставија овие пред нас и она кое што ние го работиме сега. Сметам дека сите оние акции кои што ги спроведовме како од аспект на борба против организиран криминал и особено висока корупција и злоупотреба на државни институции во минатото, сите оние акции кои што ги спроведовме во делот на уличниот криминал, потоа на борбата против трговија со дрога, трговија со луѓе, бандите кои што ги разбивме, му даваат една надеж на македонскиот народ дека можело и поинаку. Гледаат дека со посветеност, со макотрпна работа, со професионален пристап можело и поинаку и да се дадат резултати, рече Тошковски.

Тошковски во текот на своето гостување објасни како успеале да ја намалат стапката на криминалот на државата. Имено тоа е резултат на неселективноста во примената за законските прописи и во професионалноста.

Едноставен е одговорот. Кога ќе сте неселективни во примената на законски прописи и кога ќе се трудите да професионално си ја сработите работата, без разлика за кого се однесува конкретното, дали ќе е прекршок, дали ќе е кривично дело и така натаму, мислам дека во различни сегменти покажавме дека можело поинаку. Мислам дека разлика е јасна, видлива и се надевам дека ќе имаме капацитети и сила да продолжиме и понатаму да чекориме со исто темпо, објасни министерот.

Тошковски говореше и за проектот „Сејф Сити“ и посочи дека со овој проект за многу краток период ќе се смени односно на македонските граѓани во делот на почитување на сообраќајните правила.

Јас искрено многу верувам во овој проект „Сејф Сити“. Кога ќе го имплементираме „Сејф Сити” како решение, јас сум убеден дека за многу краток временски период ќе го смениме менталитетот и односот на нашите граѓани во делот на почитување на сообраќајни правила. Со имплементација на овој систем нема да има опција за избегнување на казна, вели тој.

На крај Тошковски акцент стави и на дигитализацијата со што потенцира дека таа е основен пилар за осовременување на сите процеси и подобрување на услугата која што ја пружи не само МВР туку цела влада.

Дигитализацијата е еден од основните пилари кои што сме ги воспоставиле како такви уште при отпочнување со целокупната реорганизација во Министерството за внатрешни работи и многу внимание посветуваме на тоа. Сакаме сите процеси кои се водат во рамки на министерството да се дигитализираат се со цел да можеме да ги убрзаме процесите, да исклучиме човек фактор при донесување на одредени одлуки кои што не се во интерес на граѓаните од аспект на непроцесуирање на одредени предмети, селективен пристап во постапување и така натаму и особено во аспект на подобрување на услугите кои што ги имаме кон граѓаните. Еве на пример, овозможување на граѓаните да можат да извадат уверение за државјанство преку електронски пат, овозможување да се извади дозвола за одредено оружје преку електронски пат, целокупната постапка да се води електронски. Мислам дека дигитализацијата и те како е клучен пилар за осовременување на сите процеси и подобрување на услугата која што ја пружиме, не само како МВР, туку општо како влада, дополни Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Дуплантис 12-ти пат во кариерата го сруши светскиот рекорд
Следна Статија Расте цената на нафтата на светските берзи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500.000 евра

Она што го затекнав внатре во СОЗР беше општ хаос ни помалку различен од сите институции во државата. Ние како…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секое прваче во Кисела Вода ќе добие анатомски ранец и училишен прибор

И оваа година Општина Кисела Вода продолжува со убавата традиција – секое прваче во Кисела Вода ќе добие квалитетно анатомско…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: ДУИ на власт ги интересираше само полнење на нивниот џеб, а сега гледаме глумат спасители на Албанците

На гостувањето во „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, говореше за…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Средба Мицкоски – Касаноф: Македонија има пријатели!

Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?