Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД
СВЕТ

Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД

Објавено March 27, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа ја потпиша извршната наредба со која се воведуваат царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони произведени во странство, јавија светските агенции.

Трамп тврди дека го враќа богатството во САД, велејќи дека странските земји го ограбиле во размери без преседан.

-Тие зедоа толку многу од нашата земја, и пријателите и непријателите. И искрено, пријателите честопати беа многу полоши од непријателите. А тоа е многу скромно, им рече тој на новинарите во Овалната соба.

„Она што ќе го направиме е да поставиме царина од 25 отсто за сите автомобили што не се произведени во САД“, додаде тој.

Царините за автомобили ќе стапат на сила на 2 април. Царините од 25 проценти ќе бидат додадени на сите веќе воведени давачки за увоз на автомобили.

Не е јасно како царините ќе се наметнат, имајќи предвид дека многу автомобили произведени во САД се направени од увезени делови, но Трамп вети дека ќе има „многу силна полиција“ за својата наредба.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази жалење за ваквиот потег на Трамп и воведувањето царини за извоз на автомобили од Европската унија во САД.

„Царините се даноци, лоши за компаниите, уште полоши за потрошувачите, во САД и ЕУ“, рече таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет години членство на Македонија во НАТО
Следна Статија (Видео) Јокиќ се врати со трип-дабл, Дончиќ и Леброн ги предводеа Лејкерси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Американската војска одново го нападна Иран, Иранците се закануваат со одмазда

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, насочени кон места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале…

May 26, 2026
СВЕТ

Финскиот претседател предупредува: Европа мора итно да го спаси НАТО од Трамп

Европските лидери мора итно да дејствуваат за да го зачуваат она што останало од клучните столбови на трансатлантското партнерство, првенствено…

March 22, 2026
СВЕТ

Тлото се тресеше, никој не верува дека е земјотрес, дали Иран го изврши првиот нуклеарен тест

Неколку дена по објавувањето на веста за земјотрес во иранската провинција Семнан, на социјалните мрежи продолжија шпекулациите дека потресите биле…

October 12, 2024
СВЕТ

Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани

Набргу откако официјални лица во Вашингтон се обратија пред печатот, Лили Ву, градоначалничката на Вичита, градот Канзас каде авионот на…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?