Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна денес во Малезија каде што учествува на самит со азиските земји. По пристигнувањето на аеродромот, Трамп беше пречекан со свечена церемонија и традиционален настап на локални танчери.
Во еден момент, американскиот претседател им се приклучи на танчерите и заигра заедно со нив, што предизвика воодушевување кај присутните и насмевки кај малезиската делегација.
Видеото од настанот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што многумина го поздравија гестот на Трамп како симбол на пријателство и добродојде.
Посетата на Малезија е дел од азиската турнеја на американскиот претседател, која има за цел зајакнување на економската и безбедносната соработка со земјите од регионот.
🚨 EPIC! The moment President Trump notices the Malaysian dancers and JOINS IN!
It’s impossible NOT to love this.
pic.twitter.com/Rlbp4EqVCR
— Eric Daugherty (@EricLDaugh) October 26, 2025