Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп најави трговски договор со Велика Британија за намалување на царините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп најави трговски договор со Велика Британија за намалување на царините
СВЕТ

Трамп најави трговски договор со Велика Британија за намалување на царините

Објавено May 8, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Доналд Трамп кажа дека денеска ќе склучи голем трговски договор со „земја што многу ја почитува“, за која американските и британските медиуми објавија дека е Велика Британија. Британската влада се обидуваше да постигне договор откако САД наметнаа високи царини за речиси сите држави во светот.

„Денеска ќе има голема прес-конференција во врска со голем трговски договор со голема и високо почитувана држава, првиот од многу“, напиша Трамп на социјални мрежи.

Ова доаѓа откако Трамп на 2 април воведе високи царини за десетици држави, пред да ги паузира на 90 дена за да остави време и простор за преговори. Во меѓувреме, владите низ светот побрзаа да се договорат пред истекот на крајниот рок.

Американските медиуми објавија дека САД се блиску до трговски договор и со Индија и Израел и дека продолжуваат преговорите со Јапонија, Јужна Кореја и Виетнам.

Оваа недела, Кина и САД објавија дека викендов ќе ја имаат првата рунда трговски преговори, што ќе се одвиваат во Женева. Во нив ќе учествуваат американскиот министер за трговија Скот Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг. По враќањето во Белата куќа, Трамп воведе царини од 145% за Кина, која возврати со царини од 125%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Не можеме да седиме на две столици
Следна Статија Необичен феномен на плажите во Грција пред почетокот на туристичката сезона (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Руски државјанин со чеченско потекло планирал терористички напад во Берлин

18-годишен руски државјанин со чеченско потекло е уапсен под сомнение дека планирал политички мотивиран напад во Берлин, соопшти денеска германската…

February 21, 2025
СВЕТ

Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти

Италијанката Софија Коради, креаторката на образовната програма Еразмус што им овозможи на милиони млади луѓе да студираат во други европски…

October 19, 2025
СВЕТ

Русија тврди дека Украина истрелала шест американски ракети АТАКМС врз областа Брјанск, Москва соборила пет

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека Украина истрелала шест американски балистички ракети „АТАКМС“ (ATCMS) врз руската област Брјанск,…

November 19, 2024
СВЕТ

Турција ќе отстрани милиони кучиња скитници по смртта на двегодишно девојче

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска вети дека целосно ќе го спроведе контроверзниот закон за отстранување милиони кучиња…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?