Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турција ќе отстрани милиони кучиња скитници по смртта на двегодишно девојче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Турција ќе отстрани милиони кучиња скитници по смртта на двегодишно девојче
СВЕТ

Турција ќе отстрани милиони кучиња скитници по смртта на двегодишно девојче

Објавено March 9, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска вети дека целосно ќе го спроведе контроверзниот закон за отстранување милиони кучиња скитници од улиците, по смртта на двегодишно девојче.

Законот, кој групите за заштита на животните го нарекоа „закон за масакр“, беше усвоен од Парламентот минатото лето, но општинските власти го применуваа само делумно, а во некои случаи воопшто не е применувам.

Двегодишното девојче Рана Ел Селчи почина откако во петокот беше нападнато од глутница кучиња скитници во градот Коња, во централна Турција. Нејзината смрт предизвика големи протести поради опасноста што ја претставуваат кучињата скитници кои шетаат по улиците и руралните области на Турција, чиј број, како што проценува Владата, изнесува околу четири милиони.

По нејзината смрт беше покрената кривична истрага, а општинските работници почнаа да ги фаќаат кучињата.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во саботата рече дека Владата „презема решителни чекори за да обезбеди спроведување на законот“.

Кога беше изгласан законот, најголемата опозициска партија најави дека општините во кои е на власт нема да го спроведуваат.

Законот предвидува и казни за градоначалниците кои не ги спроведуваат неговите одредби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Да не дозволиме минатото да се повтори, споменот на жртвите да биде вечен
Следна Статија Три необични знаци кои може да укажуваат на мозочен удар една недела однапред

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во Непал убиена и сопругата на поранешниот премиер

Сопругата на поранешниот премиер на Непал, Џале Нат Канале, почина откако беше жива запалена, кога нејзиниот дом беше запален за…

September 9, 2025
СВЕТ

Маск алармира за падот на наталитетот: Или Европа ќе почне да има големи семејства или ќе продолжи да умира

Милјардерот Илон Маск повторно ја разгоре дискусијата за демографскиот пад во Европа со остро предупредување, истакнувајќи дека континентот „или ќе…

July 14, 2025
СВЕТ

Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори

Администрацијата на Трамп планира да унапреди лојални дипломати по отповикувањето на 30 амбасадори на САД во светот. Отповикувањето на амбасадорите…

December 23, 2025
СВЕТ

Бесент: Од царините годишно САД би можеле да заработат од 300 до 600 милијарди долари

Американскиот министер за финансии Скот Бесент предвидува дека САД би можеле да соберат од 300 до 600 милијарди долари годишно…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?