Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка
СВЕТ

Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка

Објавено August 20, 2025 08:39
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја исклучува можноста за распоредување на американски војници на украинска територија, но не ја исклучува опцијата САД да обезбедат воздушна поддршка како дел од мировен договор за прекин на војната на Русија против Украина.

Ден по вонредниот Самит во Белата куќа, на кој Трамп вети безбедносни гаранции за прекин на војната, останува неизвесно каква конкретна воена поддршка би можела да добие Украина. САД и нивните сојузници сè уште ги прецизираат можните чекори.

– Кога станува збор за безбедноста, (Европејците) се подготвени да испратат војници на терен. Ние сме подготвени да помогнеме на различни начини, особено, најверојатно… од воздух, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Во подоцнежно интервју за радио-водителот Марк Левин, Трамп го опиша својот стил на преговарање во обидите за завршување на конфликтот како „повеќе инстинкт, отколку процес“.

Само неколку часа по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон, Русија изведе најголем воздушен напад врз Украина во последниот месец, испукувајќи 270 дронови и 10 ракети. Според украинските воздушни сили, нападите предизвикаа големи пожари во енергетски постројки во регионот Полтава, каде што се наоѓа единствената нафтена рафинерија во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
Следна Статија Исак: Кога ветувањата се прекршени, врската не може да продолжи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски

Разговорите меѓу делегацијата на САД и руската и украинската делегација поминаа добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, објави вчера…

March 25, 2025
СВЕТ

Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван

Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторник повторно ќе ја посети областа Валенсија, која е тешко погодена од неодамнешните бури и…

November 10, 2024
СВЕТ

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Повеќе од 290 лица се уапсени во Париз за време на прославата на историската победа на фудбалскиот клуб Пари Сен…

June 1, 2025
СВЕТ

Маск: Помилувањето на Хантер Бајден го загрозува интегритетот на САД

Илон Маск, милијардер и ко-раководител на Одделот за владина ефикасност на САД, го критикуваше решението на актуелниот претседател Џо Бајден…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?