Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајчулески: СДСМ подаде рака до сите парти, потребни се системски, темелни реформи, кои граѓаните ги очекуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Трајчулески: СДСМ подаде рака до сите парти, потребни се системски, темелни реформи, кои граѓаните ги очекуваат
ПОЛИТИКА

Трајчулески: СДСМ подаде рака до сите парти, потребни се системски, темелни реформи, кои граѓаните ги очекуваат

Објавено April 4, 2025 10:46
Сподели
Сподели

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24 истакна дека иницијативата предложена од СДСМ и од претседателот Венко Филипче е во насока на воспоставување на нов концепт за политички дијалог.

Иницијативата е еден чесен пристап кон нашите граѓани, носење на одговорност во однос на сите реформи кои треба да бидат направени. СДСМ подаде рака до сите политички партии со јасен, концепт по однос на спроведување на системски, темелни реформи, кои се однесуваат на образованието, здравството, правосудството на животната средина, се она што нашите граѓани го очекуваат, рече Трајчулески.

Тој нагласи дека трагедијата што се случи во Кочани и неколку вакви трагедии за неколку години, треба да ја подигнат свеста и во овие моменти да ги обединат и политичарите и пошироко целaтa општествена, стручна јавност, се со цел да се насочиме кон она што се потреби на граѓаните, а потреби се сериозни системски реформи.

-Ние не сме наивни, ние знаеме дека ваков тип на средби може да значат и политички ризик за СДСМ, меѓутоа ние како политичка партија покажуваме дека секогаш се раководиме од државните интерси и од интересите на граѓаните и сметам дека не постои нити политички рејтинг нити рејтинг на било кој политичар, кој е поважен од она што е државен, национален интерес на граѓаните, истакна Трајчулески.

Пратеникот Трајчулески нагласи дека граѓаните од било која етничка заедница ја живеат истата реалност, се соочуваат со истите потешкотии и проблеми.

-Ние сме должни по однос на сите тие барања на граѓаните, што е можно поскоро да постапиме соодветно, со вклучување, не само на политичките лидери, политичките партии, туку и пошироката јавност, тука зборувам за Академијата и за оние млади прогресивни луѓе, кои ги искажаа своите барања на мирните протести. Сите тие барања треба да бидат земени предвид, затоа што сметам дека немаме поправен испит како држава и ако ова не го направиме што е можно побрзо, зборувам за системски реформи, функционалност на институциите, ризикуваме младите се повеќе да ја бараат својата иднина надвор од државата, на тој начин да останеме без народ и бадијала се сите политички партии и рејтинзи ако немаме народ, односно ако го изгубиме народот, порача пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески, во во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве колку би чинела Застава 101 денес: Пред половина век се продавала за 2.000 долари
Следна Статија Пајак не сакаше да крене непрописно паркирано “службено порше“ во „Дебар Маало“ оти бил на полицаец (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски до СДСМ: Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка

Во рамки на теренската кампања „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, заедно со генералниот…

May 10, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е уставно дозволен политички акт, СДСМ шири паника

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на, како што наведуваат, обидите на СДСМ да ја прикаже усвоената Резолуција како неуставна и како акт што…

December 18, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ објави имиња на кандидати за градоначалници во Кичево, Липково, Чашка, Студеничани и Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со…

August 5, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски за Таравари: Во политиката не може да седите на две столчиња

Во политиката не може да седите на две столчиња, или можете да соработувате со власта и да се залагате за…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?