Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов: Македонија-земја со најниски плати и најевтина работна сила, 73,3% од работниците земаат плата под просечната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов: Македонија-земја со најниски плати и најевтина работна сила, 73,3% од работниците земаат плата под просечната
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Македонија-земја со најниски плати и најевтина работна сила, 73,3% од работниците земаат плата под просечната

Објавено October 1, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Македонските работници и натаму остануваат најниско платени во регионот, предупредуваат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), барајќи итно зголемување на минималната плата. Во најновата објава на синдикалниот лидер на ССМ Слободан Трендафилов, се наведуваат податоци според кои во мај 2025 година, дури 73,3% од работниците примиле плата под просечната.

“Македонија не смее да остане земја со најниски плати и најевтина работна сила!

Во земја во која во месец мај 2025 година евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната плата, фрапантни се податоците според кои уште позагрижувачки се податоците дека во месец мај (последен податок од УЈП обезбеден од ССМ) има евидентирано 0 (нула) работници кои примиле минимална плата и 0 (нула) работници кои примиле просечна плата што фрла дополнителен сомнеж на состојбите со платите во Македонија!
Ако се има предвид фактот дека од 2022 година, кога ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, имаше 7062 нови фирми, а избришани 5694, во 2023 година, со минимална плата од 20.175 денари, имаше 7062 новоосновани, а само 3372 затворени, а во 2024 година, со покачување на минималната на 22.567 денари, имаше 6627 нови фирми и само 2891 затворена, овие бројки покажуваат дека со секое зголемување на минималната плата бројот на затворени фирми ОПАЃА, а бројот на новоосновани фирми расте, тогаш паѓаат во вода сите изговори дека нема простор за зголемување на минималната плата.
Потсетуваме дека во регионот минималната плата расте, а само во Македонија стагнира. Па така, на пример, во Србија минималната плата од октомври ќе изнесува најмалку 500 евра, а во Македонија останува под 400 евра.
Тоа значи дека македонските работници се најпотценети во регионот и работат за најниски плати!
Затоа, бараме итно зголемување на минималната плата, бидејќи со сегашниот износ работниците не можат да ги покријат ни основните трошоци за живот.
Секоја одложена реакција е директен удар врз достоинството на работниците, а воедно и врз иднината на земјата. Македонија не смее да остане земја со најевтина работна сила – работниците заслужуваат плата што ќе обезбеди пристоен и достоинствен живот!, објави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго е повредено
Следна Статија (Видео) Лукровски: Ветувам нови монтажни гаражи во Карпош 4 со над 120 нови паркинг-места

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски со добри вести за оризопроизводителите: 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа за извоз и субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната 2024

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека е решен откупот на ориз. -Решен откупот на ориз! По интензивните средби кои ги имавме…

December 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.…

June 16, 2025

Powerball бројови за среќка во сабота, 3 јануари 2026 година

Кој ќе биде среќниот добитник на Powerball наградата во вредност од 64 милиони долари?

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Миновски: Критична инфраструктура – енергетиката како прашање на државна безбедност

Предизвиците од политичката нестабилност и конфликтите во Украина и на Блискиот Исток неминовно го наметнуваат прашањето за управување со ризици…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?