Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција
СВЕТ

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

Објавено August 23, 2025 10:26
Сподели
Сподели

Една третина од жителите на Германија се загрижени дека ќе ја изгубат работата поради експанзијата на  вештачката интелигенција (ВИ), покажаа резултатите од анкетата нарачана од агенцијата ДПА.

Спроведена од институтот за анкети YouGov, анкетата врз 2.175 лица покажа дека 34% од испитаниците се загрижени за нивниот работен  статус поради ВИ, додека 62% не се чувствуваат загрозени.

Иако не се забележани значајни разлики меѓу поддржувачите на различните политички партии во земјата, работниците што живеат во урбаните средини и оние со ниско ниво на образование повеќе се плашат дека ќе бидат заменети од вештачката интелигенција во иднина.

Според анкета објавена од Институтот Ифо објавена во јуни, околу 27% од компаниите во Германија претпоставуваат дека вештачката интелигенција ќе доведе до губење на работни места во следните пет години.

Околу 5% од компаниите очекуваат дополнителни работни места како резултат на вештачката интелигенција, додека две третини не очекуваат никаква промена.

Откако американската компанија OpenAI го објави својот прв голем јазичен модел, ChatGPT, во ноември 2022 година, развојот на моделите со вештачка интелигенција постигнаа огромен напредок. Бранот модели со вештачка интелигенција што оттогаш ги создадоа разни компании се подобри во однос на логиката, ефикасноста, скалабилноста и истовремената обработка на текст, слики, аудио, видео и други формати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство
Следна Статија Најштетната храна на светот: Многу Македонци ја јадат, но не се свесни дека ги уништува црниот дроб и срцето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гореше облакодер во центарот на градот

Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица. Украинската министерка за…

October 10, 2025
СВЕТ

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната

Не само што Украина мора да се одбрани, туку и заедно со цела Европа и САД мора да извршиме притисок…

October 23, 2025
СВЕТ

Болсонаро во домашен притвор

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораис, вчера му одреди домашен притвор на поранешниот претседател Жаир Болсонаро поради…

August 5, 2025
СВЕТ

Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со соработници го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога, пренесе „Вашингтон…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?