Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тричковски повикан во полициска станица поради некрофилскиот коментар на Фејсбук
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тричковски повикан во полициска станица поради некрофилскиот коментар на Фејсбук
МАКЕДОНИЈА

Тричковски повикан во полициска станица поради некрофилскиот коментар на Фејсбук

Објавено October 10, 2025 08:26
Сподели
Сподели

Новинарот Бранко Тричковски е повикан на информативен разговор во Полициската станица Лисиче поради неговиот недоличен коментар објавен на социјалната мрежа Фејсбук. Тој на Фејсбук објави дека двајца полициски службеници дошле на неговата адреса околу 13 часот вчера и му врачиле покана да се јави „веднаш“ кај надлежни инспектори. На самото место, како што наведува, му било кажано дека интересот на полицијата е поврзан со содржина од негов коментар, за кој имало „бурни реакции“ на интернет.

Бурните реакции се однесувале на овој дел од неговиот коментар:

“Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!”
“Ги интересираше името Христијан.
Дали сум мислел на Мицкоски.
Не, им реков, Христијан е општо име за манипуланти кои шират атмосфера на стрв и несигурност, користејки ги своите медиумски песови кои се трудат да ги втераат сите овци во исто грло.” објаснува Тричковски во неговиот Фејсбук статус.

Тричковски додава дека очекувал такви реакции и дека коментарот бил „јадица“ за партиски структури.

Повикот во полициска станица доаѓа откако пропагандистот на опозициската СДСМ, Тричковски, вчера објави коментар на социјалната мрежа Фејсбук, а во врска со информацијата за куферот кој бил најден оставен на плоштадот ВМРО, во непосредна близина до седиштето на партијата ВМРО ДПМНЕ.

Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарченото тело на Христијан!, напишал Тричковски.

Не е првпат Тричковски да напише ваков коментар, а потоа изговорот да биде дека корител име кое е често. Во 2020 година објави коментар на социјалната мрежа во кој меѓу другото наведе „Што ќе се случи ако умре Христијан М.“, а по јавните реакции и неговото објаснување на својот ФБ коментар, полицијата одлучи да го гони за две кривични дела. “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 ст.4 и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по чл.394-г од КЗ.  Но од тоа ништо.

Во 2019 година објави:

Кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин. Имаат слична крошна, тврди се и бесплодни.

Претходно Тричковски имаше статус:

-А да го киднапираме Мицкоски и да му ги извадите сите партиски органи?

За поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го напишал следниот статус:

Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам. Тој не е политички противник, тој е медицински феномен во служба на една злосторничка политиката. Тој е лудак кој го забива својот нож во гумениот чамец на македонските бродоломници. Пред европската Лампедуза. Тој е смртта во изборот меѓу себе и животот. Тој не е политички избор. Тој е манијак кој ја злоупотребува нашата пристојност.

Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој“- фејсбук статус на Бранко Тричковски за тогашниот претседател Иванов.

И додека Тричковски нема никаква пресуда за говор на омраза и закани иако во неколку наврати јавно преку фејсбук повикувал на смрт и убиство кон јавни личности и носители на високи државни функции, актерот Тони Михајловски беше осуден за статус  „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми боже“. Но досега против Тричковски нема никаква постапка и пресуда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија вечерва против Белгија за прво место во групата
Следна Статија Почина 16-годишното момче кое со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ – протестен марш на родителите на загинатите во „Пулс“

Со фотографии од загубените чад и со транспаренти, родителите, блиските и пријателите на жртвите од трагедијата во Кочан и денеска…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги одби сите 57 приговори поднесени за првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија вчера ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се воведува комунална полиција и ќе може да се отповика градоначалник

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонските државјани во Кина ќе патуваат без визи

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?