Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
ХРОНИКА

Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања

Објавено June 11, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Завршниот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и дејствијата на останатите обвинети, со кои Обвинителството докажува дека овие луѓе имале претходно разработен план, односно дека од првото грабнување се откажале и ги појаснија причините зошто се откажале и дека реализацијата на планот е завршена во понеделникот, изјави бранителот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, по денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, каде Основното јавно обвинителство го даде својот завршен збор.

Туфегџиќ нагласи дека никаде не е спомнат таткото Александар Ѓорчевски, ниту пак било каква конекција со него во врска со извршувањето на кривичното дело. Посочи дека не бил изведен ниту еден доказ од страна на Обвинителството во целата судска постапка со кој би се докажало дека Александар имал комуникација со првообвинетиот Љупчо Палевски. 

– Јас не знам како ќе се произнесе Судот, но сите денеска слушнавме дека Јавното обвинителство во завршните зборови го потврди она што го знаеме од првиот ден, а тоа е нема никаков доказ за било каква вмешаност или инволвираност на Александар, немаат ниту било каков доказ за некаква конекција и комуникација со Љупчо Палевски како што стои во обвинителниот акт, рече Туфегџиќ. 

Обвинителството денеска во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара Судот да му ја одреди соодветната затворска казна. За Ѓорчевски, обвинителката рече  „нема потешка казна од загуба на дете и од живот со таква совест како во случајов на таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски. Не тврдиме дека сакал да му го убијат детето, но учествувал во киднапирањето на ќерка си и бараме соодветна казна за тоа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешниот премиер барал преквалификација на делото: Скандалозно признание на Русковска за ургенцијата на Заев за „27 април“ (ВИДЕО)
Следна Статија Мицкоски: Прифаќајќи го францускиот предлог, Османи закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско поради сообраќајка

АМСМ информира дека вечерва од 18:40 сообраќајот на регионалниот пат Велес-Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода.

November 26, 2024
ХРОНИКА

Почина работникот кој пред 3 дена падна во градилиштето „Треска“

Почина 27-годишниот Л.Ш од село Ѓермо тетовско откако пред 3 дена падна од градилишето „Треска“ во Центар. Младото момче се здобило со…

November 5, 2024
ХРОНИКА

Работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Работник од Кина бил удрен од кран во фабрика во Кавадарци што починал. - На 10.09.2025 во 12:10 часот во…

September 11, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат во својот дом

На 24.09.2025 во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?