Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено обвинение: Со палење на македонското знаме предизвикале чувства на омраза и раздор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено обвинение: Со палење на македонското знаме предизвикале чувства на омраза и раздор
ХРОНИКА

Поднесено обвинение: Со палење на македонското знаме предизвикале чувства на омраза и раздор

Објавено December 6, 2024 12:00
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик. За четворицата на кои во текот на претходната постапка им беше определен притвор, јавните обвинители побараа од Основниот кривичен суд Скопје да им ја продолжи притворската мерка.

Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол.

Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост.

Дејствијата на сите обвинети предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен државјанин на Турција, пронајдени осум мигранти во возилото кое го управувал
Следна Статија Еве како изгледа играта поради која најмалку 11 деца од Скопје завршиле во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Италијанка скршила нога на Шар Планина, спасена со хеликоптер на МВР и транспортирана до скопската клиника

Денеска во 13:35 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи беше примена пријава за повредено женско лице, државјанка на…

March 7, 2026
ХРОНИКА

СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес

Од СВР Велес попладнево соопштија нови детали за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Велес. Новите искази се дадени од…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Почина дешифрирачот на Каменот од Розета, проф. д-р Аристотел Тентов

Почина проф. д-р Аристотел Тентов, универзитетски професор на ФЕИТ. познат и како дешифрирачот на Каменот од Розета. Во својот плоден…

November 30, 2024
ХРОНИКА

Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари – поднесена пријава за злоупотреба на службена положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?