Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ со критички коментар реагира на најновите информации за незаконското следење. Тој посочува дека наместо службите да се занимаваат со сериозни криминални групи, вниманието било насочено кон политичари, новинари и обвинители.
„Незаконито биле следени политичар, новинар, јавен обвинител и уште којзнае кој, у основа ништо ново. Но еве, и јас би сакал да знам што работеле службите и зошто директорот и тогашниот министер за внатрешни работи не се заинтересирале за следење на група која во судска постапка призна дека уште од 2022 година договарале и планирале ликвидации и грабнувања, и си копале дупки за жртвите низ државава,“ напиша Туфегџиќ.
Тој потсети дека токму таквите пропусти резултирале со трагични последици.
„Со глава платија едно дете и еден средовечен човек, ни криви ни должни. Ете тоа мене ме интересира,“ додаде адвокатот.
Со овој став, Туфегџиќ уште еднаш ја отвора темата за одговорноста на институциите и прашањето каде навистина бил насочен безбедносниот апарат во години кога, според него, најголемите закани биле оставени без надзор.