Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Угина гибонката Софи од ЗОО Скопје, потврдена туберкулоза
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Угина гибонката Софи од ЗОО Скопје, потврдена туберкулоза
МАКЕДОНИЈА

Угина гибонката Софи од ЗОО Скопје, потврдена туберкулоза

Објавено September 4, 2025 08:35
Сподели
Сподели

Зоолошката градина Скопје известува дека на седумгодишна возраст угина гибонката Софи.

-Софи пред 12 дена пројави симптоми на малаксаност и отежнатост во движењето при што од страна на стручен ветеринарен тим беше веднаш реагирано и започна со примање на терапија и направени беа лабараториски дијагностики. Нејзината состојба беше секојдневно следена и очекувавме подобрување, но во неделата ситуацијата одеднаш се влоши и иако нашиот тим направил се во моментот за реанимирање, за жал таа не издржа. Денеска ги добивме и наодите од Факултетот за ветеринарна медицина по направените испитувања околу причините за угинувањето каде што се вели дека Софи од видот белорак гибон била позитивна на Mycobacterium tuberculosis complex (MTBC) според направена PCR метода на Институтот за ветеринарна медицина. По добиените резултати,веднаш е известена Агенцијата за храна и ветерина и од наша страна се превземени мерки за дезинфекција и поставување дез бариери. Живеалиштето на гибоните е изолирано од други животни, а ќе бидат направени и дополнитени испитувања на останатите единки од групата, објавија од Зоо Скопје.

Од таму додаваат дека вакви случаеви на заболување кај животни се појавуваат во сите светски зоолошки и ова не е изолиран случај само од скопската зоолошка.

-Софи беше чувана со многу љубов, постојано весела и една од најактивните гибони, движејќи се секојдневно по дрвјата на езерцето. И за нас вработените, нејзиното заминување е шок, направивме се што можевме, но како и кај луѓето понекогаш болеста не може да се спречи, стои во објавата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во овој европски град еспресо чини 6 евра: Жителите најмногу трошат на кирија и храна, а просечната плата им е околу 4.500 евра
Следна Статија Елиф Елмас: Саудиска Арабија е одлична увертира за тоа што ни следува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Не се јаде црвено“ – Денеска е тежок празник – Отсекување на главата на Свети Јован Крстител

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. На празникот Отсекување на главата, треба да се…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Телото на Салмонд со специјален лет ќе биде пренесено во својот дом – објавено видео од последниот говор во Охрид

Телото на Алекс Салмонд , поранешниот прв министер на Шкотска, кој почина за време на конференција во Охрид, наскоро ќе…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Роднина на хоспитализирано девојче во Австрија: За 15 минути ни беа обезбедени бесплатни летови, сместување и стручна помош, огромна благодарност до Владата и СОЗР

Сакаме да изразиме многу голема благодарност до дечките од СОЗР и Владата на Република Македонија коишто за 15 минути ни…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Остваривме бројни политички средби на маргините на Конгресот на ЕПП во Валенсија

Актуелните геополитички предизвици, билатералната соработка, посветеноста на Владата на реформскиот процес, интеграцијата на државата во Европската унија, како и соработката…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?