Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, кај местото викано „Смилчинци“, во општина Старо Нагоричане. Во несреќата починал 25-годишен возач, а уште три лица се здобиле со тешки повреди.
Според информациите од СВР Куманово, несреќата се случила во неделата, 15 февруари 2026 година, околу 19:05 часот. Патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, најпрво удрило во куче скитник. По ударот, возилото преминало во спротивната сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „БМВ“, управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.
Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи, како и две сопатнички од возилото „БМВ“ – А.С. (20) и С.Ј. (53), двете од Крива Паланка. Повредите биле констатирани во Општата болница во Куманово. Возачот на „голфот“, 25-годишниот С.Т., им подлегнал на повредите, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.