Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово
МАКЕДОНИЈА

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Објавено April 30, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Уставниот суд денеска ја укина Одлуката за давање одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ – с. Кондово, Скопје,која е донесена од страна на Владата на 26 март 2024 година.

Судот оцени дека Одлука на Владата е незаконита и неуставна, бидејќи Владата дала согласност, односно дозволила Исламската верска заедница ИВЗ да биде основач на средно училиште- гимназија.

Ова е во спротивност со членот 7 од Законот за средно образование кој забранува верско организирање и дејствување и истакнување на верски симболи во средните училишта. Исто така содржината на Одлуката не е во согласност со Амандманот VII од Уставот според кој верските заедници можат да основаат само верски училишта во кои се предава веронаука, односно се проповеда и изучува конкретна религија.

Судот ги прифати како основани наводите во иницијативата дека со донесувањето на оспорената одлука Владата ја повредила уставната одредба за одвоеност на државата од верските прашања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томица Главчев е новиот претседател на КФМ
Следна Статија Таравари и Клековски им посакаа успех и среќа на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Разрешен од позиција Сашо Дранго кој се сликаше со убиена мечка – „Македонија пат“ доби нов заменик директор

Сашо Дранго повеќе не е заменик директор на ЈП Македонија пат, а претпријатието веќе ја пополни неговата позиција. Се работи…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти

Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Ви посакувам празникот да го минете во…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Родителите и блиските на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ попладне ќе го одржат седмиот „Марш за ангелите“.…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗА ДЕСЕТ ДЕНА: Уапсени 151 возач, одземени 53 возила и пишани 6.264 казни

Изминатите 10 дена , како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?