Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова по повод 23 Октомври: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти

Објавено October 23, 2024 09:44
Сподели
Сподели

Почитувани сограѓани,

Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Ви посакувам празникот да го минете во мир и хармонија, радост и среќа, уживајќи ги придобивките на тешката борба за слободна, независна и демократска македонска држава.

Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици.

Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви. Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш.

Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме!

Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава.

Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери.

Нека ни е честит празникот, пишува Сиљановска во својата честитка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ограбена фирма за брзи кредити во Скопје, вооружените разбојници однеле 5.000 евра
Следна Статија Избувнување на Еширихија коли во САД поради плескавица од Мекдоналдс: „Изворот може да биде кромид“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан

По два дена шпекулации каде е апелациониот судија Ѓоко Ристов се огласи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Северна…

June 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Албанските власти негираат дека пратеници и функционер на ВРЕДИ биле спречени да влезат во Албанија

Албанските царински власти реагираа на обвинувањата на двајцата пратеници и функционер на ВРЕДИ, негирајќи дека биле спречени да влезат во…

July 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во 21-ви век нема место за национализам во Европа, кажа Муцунски од Дубровник

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и…

July 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?