Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УНЕСКО му даде уште една шанса на Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УНЕСКО му даде уште една шанса на Охрид
МАКЕДОНИЈА

УНЕСКО му даде уште една шанса на Охрид

Објавено July 10, 2025 14:35
Сподели
Сподели

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.

Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.

Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства.

Инаку, во нацрт-одлуката за стасусот на Охридскиот регион беа посочени забелешките наведени во реактивната мониторинг мисија од минатата година, во која се потврдени наодите од претходните мисии, со заклучок дека кумулативните и тековните влијанија – вклучувајќи го тука урбаниот развој, недостатоците во просторното планирање, несоодветните интервенции, еутрофикација на езерото, големите инфраструктурни и други проекти – предизвикале сериозно нарушување на клучните атрибути на заптитеното подрачје, што довело до неповратна деградација.

Дел од експертите отворено го поддржуваа поместувањето на регионот на Листата светски наследства во опасност, со уверување дека тоа е вистинскиот начин да се натераат државата, институциите, општините засилено да се ангажираат во насока на исполнување на препораките за надминување на проблемите што доведоа до сегашната ситуација.

Во координација со Локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција за чистење на плажите на потегот меѓу автокампот „Љубаништа“ и реката Черава.

Триесет и девет организации и една европска мрежа со 15 организации-членки, преходно доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со барање за усвојување на нацрт-одлуката за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност.

Драгана Велковска од Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ коментирајќи ја денешната одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за МИА истакна дека се работи за уште една чисто политичка одлука.

Комитетот повторно одлучи да ги игнорира експертите и да го награди непочитувањето на Конвенцијата со уште една шанса. Со тоа ги предаде своите основни принципи и активно ја поткопа самата суштина на Конвенцијата за светско наследство која има должност да ја спроведува, рече таа.

Според неа, носењето политичка одлука третпат по ред е преседан за Охридскиот УНЕСКО Регион. Откако Регионот е прогласен за УНЕСКО наследство никогаш во над 40 години историја не се случило три последователни експертски мисии по ред да алармираат дека Охридскиот регион де факто е светско наследство во опасност и уништувањето само повеќе се интензивира, а Комитетот тоа да го игнорира.

Слушањето лобисти наместо експерти само охрабрува нови деструктивни активности, како што потврди и Мисијата од 2024 година. Со носење политички наместо експертски одлуки се праќа порака до владите дека немаат одговорност веднаш да ги запрат, откажат и повлечат сите тековни и планирани деструктивни проекти, и да покажат вистинска посветеност кон обновата на Исклучително универзалната вредност на Охридскиот регион. А тоа е тежок пораз, не само за Македонија, туку и за светот, истакна таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски најави нова странска инвестиција од турската компанија „Чагатекабло“, вредна е 6 милиони евра
Следна Статија Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тигрите слават 44 години од формирањето: Елитна единица која е врв во професионализам, стручност и обученост

Во касарна Илинден во Скопје денеска се одржа свечено одбележување на 13 Март – Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар

Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела Арсовска да не прави театар, истакна…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: Поднесовме барање за јавна расправа во Собранието за законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?