Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите
ХРОНИКА

Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Објавено October 9, 2025 17:18
Сподели
Сподели

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение дека изнудувал 300.000 евра од Роберт Хот, на кого му се заканувал со ликвидација доколку не ја исплати бараната сума, дознава Плусинфо.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, оштетениот Роберт Хот пријавил дека непознато лице со сериозни закани по неговиот живот бара огромна сума пари.

Полицијата веднаш постапила и во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје започнала тајна акција за спречување на изнудата.

На 8 октомври 2025 година, во рамките на полициските активности, од оштетениот биле привремено одземени 20.000 евра во различни апоени, кои биле крим-технички обработени заради идентификација.

По утврдување на нивната оригиналност, парите му биле вратени на Хот, за да ги предаде на сторителот кој требало да ги земе следниот ден во неговата канцеларија.

На 9 октомври, при самото примопредавање на парите, полициските службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле заседа и го уапсиле осомничениот Сологуб.

Кај него биле пронајдени обработените 20.000 евра и патна исправа на Република Босна и Херцеговина.

Лицето е задржано за понатамошна постапка, а полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуални соучесници.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германските општини заработија 430 милиони евра од данокот на кучиња
Следна Статија Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Снаа сакала да ја убие бабата на сопругот – ја гушела со перница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од…

August 17, 2025
ХРОНИКА

Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање…

January 27, 2025
ХРОНИКА

ФОТО: Ова е списокот на пренесените деца од Кочани и Штип во скопските болници

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Пет лица меѓу кои и едно бебе повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?