Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
МАКЕДОНИЈА

Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство

Објавено September 22, 2025 13:51
Сподели
Сподели

Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на Владата и МОН минатата седмица учеа онлајн поради штетни материи по пожарот во магацинот за рециклирање отпад.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека доколку добијат информации од надлежните министерства за загрозеност на здравјето на учениците и наставниците, повторно брзо ќе се реагира и тие ќе учат онлајн. Но, засега, рече, нема опасност.

-Учениците од четирите училишта во Трубарево од денеска се со физичко присуство. Доколку Министерството за животна средина или Министертсвото за здравство нè информираат за промена во состојбата, така како што промптно, во сабота и недела, одлучивме да одат на онлајн-настава, така повторно би го направиле тоа. Но, сега засега нема опасности и тие ќе си одат со физичко присуство затоа што нема подобра настава и не се постигнуваат подобри успеси на учениците освен со физичко присуство, изјави Јаневска при посетата на училиштето „Св. Наум Охридски“.

Од 14 до 19 септември, онлајн настава беше организирана во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ кои се на територија на општина Гази Баба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иџе трет во група 1 во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки
Следна Статија „Сите за Палестина“ со писмо до Сиљановска: Македонија јавно и веднаш да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставен суд нема да коментира ничии ставови: Седницата за Законот за јазици е закажана за 11 декември

Од Уставниот суд велат дека нема да коментираат ничии ставови поврзани со предметот за Законот за употреба на јазиците. Седницата…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил

Тодор Кулаков, таткото на младата Фросина која пред недела дена загина во трагична сообраќајна несреќа, вечерва во Дневникот на Сител…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 16 пациенти ќе бидат испишани и ќе продолжат на домашно лекување

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска даде изјава за моменталната состојба на пациентите кои се на болничко лекување од…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тројцата екс градоначалници на Кочани спроведени од полициска станица во суд

Тројцата поранешни градоначалници на Кочани, меѓу кои и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев и…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?