Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен кон крајот на летото, откри Николоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен кон крајот на летото, откри Николоски
ЕКОНОМИЈА

Уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен кон крајот на летото, откри Николоски

Објавено July 14, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Автопатот Кичево – Охрид е симбол и пресечник помеѓу две времиња, незаинтересираноста, неспособноста и неработењето на СДСМ и ДУИ и посветеноста и работата на оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните сега се задоволни и резултатите се гледаат на терен. Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот, потегот од Климештани до Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Автопатот Охрид -Кичево е симбол за таа работа, јас уште кога бев избран кажав дека тој е симболот. Ние можеме да реализираме десетици други проекти, но доколку овој проект не го завршиме ќе бидеме исти како претходните, доколку го завршиме како што го завршуваме, тогаш ќе бидеме различни од претходните. Граѓаните се задоволни бидејќи се гледаат првите резултати, ги имаме функционални првите двесетина километри и нормално да прашаат кога ќе заврши целосно. Нема да отстапиме ни ден од она што е договорено со Изведувачот и банките, рокот е крајот на следната година и крајот на следната година целиот автопат во должина од 57 километри ќе биде функцнионален и ќе може да се користи. Во меѓувреме имаме уште една добра вест, кон крајот на летото очекуваме дополнително осумнаесет километри, делот од Климештани до влезот на Охрид да биде завршен и да биде ставен во функција, вели Николоски во интервју за ТВ Алфа, говорејќи за инфраструктурните проекти што се реализираат во државата.

Тој оцени дека во прашање е непосвбетенотс и неработење на претходната влада.

Генерално можам да кажам дека се работело на непосветеност и неработење. Ние бевме избрани на крајот на јуни, ни требаше едно три месеци да увидиме каде се проблемите, што се правело или зошто не се правело и веќе од октомври месец да имаме една силна мобилизација. Сега имаме преку 1100 -1200 работници, над 300 камиони, над 110 машини кои работат, мобилизација која е невидена претходно и еве резултатите се пред сите нас, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека се работи на бројни проекти во делот на автопатската и железничката инфраструктура и најави нови проекти во следниот период.

Во делот на автопати работиме многу, се работи на автопатот Тетово-Гостивар како дел од автопатот Скопје-Струга -Охрид, се работи на вториот автопат, тоа е потегот од Гостивар до Букојчани или популарната Срража. Во моментов имаме тендер за делот од Букојчани до Кичево, тоа е врската што недостасува, понатаму работиме на автопат од Битола кон Прилеп, веќе се заврши експресниот пат од Градско до Фариш. Го ставивме во функција делот од Куманово до Крива Паланка, исто така го пупштивме делот од Гевгелија до Богданци, така да на многу фронтови работиме на автопатската мрежа и резултатите се гледааат. Тука е и желеницата, во текот на оваа година ќе почнеме со реализација на проектот Градски воз, понатаму реконструкција на најважаните делови на товарниот сообраќај и секако за многу брзо време и брзата пруга на Коридорот 10. Тука е и работата на Коридорот 8 бидејќи имаме одреден прогрес со бугарската страна и доколку тоа се потврди ќе работиме на спојување со Бугарија. Интензивно се работи на втората делница, првата од Куманово до Бељаковце веќе ја пуштивме во јануари, а на дневна основа овозможивме и воз од Скопје до Куманово, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Божиновска: Поддршка за забрзана енергетска транзиција и нови проекти во енергетиката
Следна Статија Можни се рестрикции на вода во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Величковски од Народната банка: Финтек-решенијата носат промени во дигиталните плаќања и отвораат нови можности за трговците и граѓаните

Новата правна рамка за платните системи во земјава создаде основа за зајакнување на конкуренцијата во платежната индустрија и намалување на…

June 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Изработен првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата

Стопанската комора на  Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно…

October 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?