Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фатон Сељами е новиот народен правобранител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фатон Сељами е новиот народен правобранител
МАКЕДОНИЈА

Фатон Сељами е новиот народен правобранител

Објавено January 23, 2026 17:23
Сподели
Сподели

Собранието денеска во рамките на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов народен правобранител.

За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 28 беа „за“, осум „против“.

Собранието на Република Македонија, го избира и разрешува народниот правобранител. Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор.Во извршувањето на функциите и надлежностите на народниот правобранител му помагаат заменици избрани од Собранието на Република Македонија. Изборот и разрешувањето на народниот правобранител и неговите заменици Собранието на Република Македонија го врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и нотарски испит.

Мандатот на Насер Зибери, претходник на Сељами, истече на 12 јули минатата година бидејќи на тој ден исполнил услови за пензионирање.

Спикерот Гаши на 12-ти овој месец информира дека на координацијата ги повикал координаторите на пратеничките групи да се усогласат за изборот на народниот правобранител и да се најде решение и изрази надеж дека тоа ќе се случи бргу.

Ги повикав координаторите на пратеничките групи да се усогласат со народниот правобранител ако можеме да најдеме решение. Немаше некоја забелешка за тоа. Никој не беше против, само ќе треба да се разговара во меѓувреме. Се надевам дека набргу ќе дојдеме до решение – рече тој.

Според него, за ова прашање потребни се политички разговори на ниво на координаторите на пратеничките групи.

Народниот правобранител како институција е надлежен за заштитата на слободата и правата на граѓаните, а претставува и механизам за надзор и следење на законитото работење на институциите од јавниот сектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Филипче да одговори дали со народни пари префрлани во Жан Митрев, сакал полесно и поевтино да ја преземе клиниката?
Следна Статија Синдикат на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, платата е веќе исплатена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски во ЕК во Брисел: Дигиталната трансформација е приоритет на новата Влада во Македонија

Министерот за дигитална трансформација се обрати на 3-ти регулаторен дијалог меѓу Европската Унија и Западен Балкан, на кој присуствуваат Генралниот…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Државата оваа година е поподготвена за справување со пожарите

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, денес на Криволак беше на промоција на противпожарни возила. Тој во изјава за медиумите рече…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четврток е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Во четврток, 28 август, православните верници ќе го одбележат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?