Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фетаи на средба со Курти, без Таравари – Алиу: Ќе го продолжам процесот што го започнавме заедно во ВРЕДИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Фетаи на средба со Курти, без Таравари – Алиу: Ќе го продолжам процесот што го започнавме заедно во ВРЕДИ
ПОЛИТИКА

Фетаи на средба со Курти, без Таравари – Алиу: Ќе го продолжам процесот што го започнавме заедно во ВРЕДИ

Објавено May 17, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Станува јасно дека дел од АА веќе нема да го следи Арбен Таравари. Вицепремиерот Арбен Фетаи, заедно со Азир Алиу, Сирија Рашити и Фета Алими, беа на посета кај премиерот на Косово, Албин Курти. Фетаи на социјалните мрежи објави фотографии од средбата и напиша:

-На разденувањето денес, заедно со неколку пријатели по идеал од Алијансата за Албанците, тргнавме кон Приштина, минувајќи по автопатот „Арбен Џафери“, пат што за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска. Таму, во Приштина, водевме братски разговор со нашиот пријател, Албин Курти. Она што нè обединува денес, повеќе од кога било, е нашата заедничка визија и идеал за напредок и развој — идеал што не познава граници, ниту пречки, изјави Арбен Фетаи, вицепремиер.

И поранешниот министер за администрација, Азир Алиу, на неговиот профил напиша дека ќе продолжи да биде дел од ВЛЕН.

-Јас верувам дека определбата за промени во општеството не се напушта при првата пречка, туку се гради со уште повеќе труд! Со голема почит кон претседателот на партијата и неговото право на политичка проценка, чувствувам обврска јавно да кажам дека ќе продолжам да бидам дел од процесот што заедно го започнавме во ВРЕДИ и во оваа Влада! – вели Азир Алиу од АА.

Инаку, Арбен Таравари ја напушти коалицијата ВРЕДИ со цел на локалните избори да настапи со посебни советнички листи. Поради тоа беше принуден да се повлече и од Владата, додека неговата оставка од функцијата министер за здравство ќе биде констатирана во вторник во Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Страшен инцидент во Имола, Цунода леташе со болидот
Следна Статија Трамп пресече: Понеделник ќе биде „Денот Д“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити вети два нови булевари во Чаир

Во рамките на ангажманите за еден модерен и функционален Чаир, кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на владејачката…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Мицкоски: Направи го вистинскиот избор заокружи број 9

Што значи да имаш твој човек како градоначалник?, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. Значи да…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

На Мециновиќ му ја плеснаа вистината во фаца зошто не си поденесува оставка од пратеник

Амар Мециновиќ немаше одговор зошто не поднесе оставка од пратеничката функција откако се кадидираше за градоначачалник на Скопје. Тој во…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?