Фетаи: Од 50 функционери на АА во Владата само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат работите! АА е дел на Владата

- Advertisement -

„Од 50 функционери на АА во Владата, само тројца поднесоа оставки, сите други продолжуваат да ги извршуваат своите функции! АА е во Владата!“ – оваа изјава на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ја објави ТВ 21.

Телевизијата истакнува: Вицепремиерот Арбен Фетаи во емисијата „Клик Плус“ изјави дека Алијансата за Албанците е дел од Владата, бидејќи, како што додаде, од 50 државни функционери од редовите на АА, назначени на различни позиции, само тројца од нив поднеле оставки.

„Уделот на АА во Владата го сочинуваат околу 50 државни функционери кои се назначени на одредени позиции, најмалку 50, можеби и повеќе. Од нив само тројца досега поднеле оставки: за тројца се знае дека јавно се изјасниле, за останатите не знам дали некој ја напуштил Владата. Знам дека сите други продолжуваат да одат на своите работни места.“ – нагласи Арбен Фетаи.

Сподели ја оваа статија