Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава
ПОЛИТИКА

Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава

Објавено September 28, 2025 16:57
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче денеска на Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, оцени дека државата „живее под последиците на апсолутна власт“ која работи за себе, а граѓаните ги става на последно место. Повика на обединување за, како што рече, да се одбрани „заедничкиот дом“ и да се врати достоинството на народот.

-Ние денес живееме во држава и општество кои се жртви на прераната изгубеност на една апсолутна власт, рече Филипче, опишувајќи ја актуелната власт како „неспособна, расипничка, нечесна и неискрена“ кон луѓето што ѝ го довериле мандатот, а истовремено „арогантна, дистанцирана од народот и лажно самоуверена“, истакна Филипче.

Според него, периодот е доволно долг за реална оценка.

-Помина речиси година и пол откако ВМРО-ДПМНЕ има целосна централна власт и четири години откако имаат мнозинска локална власт. Ова е доволно време граѓаните да видат со кого си имаат работа. Наместо резултати, рече тој, „власта продолжи со старите политики на лажен ПР, напади врз опозицијата, партизација на институциите и нејасна стратегија за тоа каде ја водат државата и граѓаните, рече Филипче.

Вo обраќањето Филипче порача дека одговорот на СДСМ ќе биде решителен и обединет.

-Наша должност е да ја запреме разулавената власт. Наша должност е да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ најави јасен отпор кон авторитарни тенденции, злоупотреби и партизирање на институциите.

-Денеска сме тука за да го вратиме достоинството на народот, да ја заштитиме државата од опасноста да стане партиска сопственост и да се спротивставиме на оние што работат само за себе, рече Филипче.

Во обраќањето беа посочени и последиците по стандардот на граѓаните, со порака дека СДСМ ќе се спротивстави на „лажниот патриотизам што служи за манипулација“ и на секоја форма на режим што носи „темнина, застој и угнетување“.

Претседателот на СДСМ нагласи дека парите на граѓаните мора да служат за јавниот интерес, а не за привилегии и лични уживања на власта.

-Да се спротивставиме на оние кои работат само за себе, кои бесрамно ги трошат парите на граѓаните за свои уживања, а на граѓаните им фрлаат трошки,“ изјави Филипче, оценувајќи дека „оваа држава не видела власт која толку многу лаже, а толку малку испорачува резултати“.

Тој додаде дека лажниот патриотизам се користи како алатка за манипулација, додека реалните проблеми на луѓето остануваат нерешени.

-Ќе ѝ се спротивставиме на секоја форма на самоволие и на заканата Македонија повторно да биде ставена под контрола на партиски режим кој носи темнина, застој и угнетување, рече претседателот на СДСМ, повикувајќи на обединување околу јасна агенда за демократија, правда, ред и подобра економија со стандарди за достоинствен живот согласно европските вредности, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче нагласи дека единството треба да се гради преку одговорност и грижа за секојдневните предизвици на граѓаните.

-Обединувањето доаѓа од одговорноста да се бориме против дивеењето на цените, против запрениот раст на платите и против претворањето на институциите во партиски канцеларии, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче го истакна фокусот на СДСМ кон луѓето – работниците, младите, пензионерите и сите заедници без исклучок.

-Да го свртиме вниманието кон граѓаните и да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, правдата, слободата и еднаквоста, порача Филипче.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши повикува на чесна и демократска кампања: Без инциденти, заплашувања и омаловажувања
Следна Статија Во Центар натепана лекарка од Итна медицинска помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Фетаи го напушти Таравари: Гласот што не се продава никогаш не оди преку Ахмети

Потпреседателот на владата задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи останува во владеачкото мнозинство. Тој денеска во обраќање до…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Костовски: Селективност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

„Пред точно една недела Македонија ја погоди најтешката трагедија во поновата историја. Изгубивме 59 млади животи. Во тие најтешки моменти…

March 24, 2025
ПОЛИТИКА

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ги осудува последните случувања околу оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција,…

July 26, 2025
ПОЛИТИКА

Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ

Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?