Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик

Објавено November 29, 2025 14:06
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека за година и пол владата на Мицкоски направи хаос во Фондот за ПИОМ со што во ризик ја доведе исплатата на пензиите. Затоа, како што кажа Филипче, Мицкоски се обидува со бесрамни лаги и манипулации да ја препише вината за хаосот во пензискиот фонд што тој го направи, на СДСМ.

„Такво политичко лицемерие до сега не сме виде виделе и тоа е обидот на премиерот Мицкоски таа криза која што самиот ја создаде и измамата која што ја направи кон пензионерите сега да ја препише на СДСМ. Велат дека СДСМ сакал преку судството да ги намали пензиите на пензионерите. Ваква лага одамна не сме слушнале. И сакам јасно да им порачам на пензионерите, хаосот којшто се случува во пензискиот систем, нестабилноста на пензискиот фонд којашто ВМРО-ДПМНЕ ја создаде за само година и пол владеење, неизвесноста за тоа дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период, како и неизвесноста дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци- се е резултат на лошите политики, на лагите, на манипулациите на премиерот Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН“, рече Филипче.

При тоа, Филипче потсети дека СДСМ повеќепати предупредуваше дека е потребно власта да се придржува до законското решение кое што беше донесено во времето на владата на СДСМ, кое што предвидуваше правично зголемување на пензиите и одржливост на Фондот за ПИОМ.

„Тоа законско решение беше логично, обезбедуваше доволна сума на пари за континуирано зголемување на пензиите согласно зголемувањето на трошоците за живот, согласно растот на минималната плата, согласно инфлацијата, за да пензионерите живеат достоинствени денови, така како што заслужуваат пензионерски, поради тоа што целиот живот плаќале придонеси во пензискиот фонд.Што ние направивме,50% усогласување со инфлацијата, 50% усогласување со платите. А сега владата донесе несоодветно решение и ќе видиме сега, според одлуката на Уставниот суд, многу веројатно противуставно решение“ рече Филипче.

Тој додаде дека доколку власта го продолжеше законското решение на СДСМ, сега над 92% од пензионерите ќе добиеа поголемо зголемување од овие 1.000 денари со решението на владата на премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Годинава се регистрирани 38 заболени од ХИВ/СИДА, а осум починати
Следна Статија Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДИК: До 16 часот гласале 2762 болни или немоќни лица

Гласањeто започна во 7 часот утринава и се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје. Од вкупно 4.826 болни…

November 1, 2025
ПОЛИТИКА

За Скопје поднесени 18 листи на кандидати за градоначалник и 20 листи за советници

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во…

September 14, 2025
ПОЛИТИКА

Андоновска: СДС да не го брани криминалот на Заев, Филипче и Николовски во вредност од 800.000 евра

Трајан Димковски, по насока на поранешното раководство на СДСМ, извршил отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, со што го…

November 29, 2025
ПОЛИТИКА

ОБСЕ за изборите: Koкурентни, но засенети од правни недостатоци и политичка поларизација

Локалните избори одржани на 19 октомври беа конкурентни и на гласачите им овозможија вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?