Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Економијата е во пад, ништо од балканскиот економски тигар на Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Економијата е во пад, ништо од балканскиот економски тигар на Мицкоски
ПОЛИТИКА

Филипче: Економијата е во пад, ништо од балканскиот економски тигар на Мицкоски

Објавено October 4, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Струга, упати критика за економската политика на ВМРО-ДПМНЕ, која, како што рече, доведе до секојдневни негативни економски показатели.

Филипче посочи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување за подобрување на економијата и на животниот стандард на граѓаните.

„Христијан Мицкоски ветуваше дека македонската економија ќе била „балкански тигар“, ветуваше повисоки плати, повисоки пензии, нови вработувања. Што гледаме денес? Платите се топат, сметките за струја, за парно растат. Животот на граѓаните е претворен во секојдневни калкулации што да купат, дали да купат или да платат сметките, односно како да го преживеат месецот“, рече Филипче.

Тој додаде дека инфлацијата и натаму ја јаде куповната моќ, а ветената минимална плата од 500 евра сè уште не е реалност.

„Барањата за минимална плата од 500 евра остануваат неисполнети. Само за Мицкоски платите биле доволно високи. За неговиот пулен Трајко Славески оваа сегашна плата и таа била многу. Регионот веќе оди напред, државите преземаат мерки за да си ги заштитат граѓаните. Албанија најави минимална плата од 520 евра, ние останавме на 400 евра“, рече Филипче.

Посочи дека секојдневно економските параметри поради лошите политики на власта се негативни. „Странските инвестиции се преполовени, статистиката регистрира пад на индустриското производство, за 2,6% е намален бројот на вработени во индустријата. Сето ова, како што кажа Филипче е доказ дека ВМРО ДПМНЕ ја доведе економијата до колапс, што е далеку од нивните ветувања. Со ВМРО-ДПМНЕ и на локално и на централно ниво, државата нема иднина, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 21. „Бела ноќ“ во Скопје
Следна Статија Доаѓаат првите минусни температури во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош е на црната листа на САД и осуден за криминал во општината

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната прес конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, поточно одговарајќи на…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Жерновски се засекира за рејтингот на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради падот од 130.000 гласа, тврди амбасадорот Андреј Жерновски во пост на социјалните мрежи. -Не е…

August 13, 2025
BlogМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Николоски -Лазар: Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза…

September 27, 2024
ПОЛИТИКА

Колашинац потврди дека го купил „ Аудито“ за Филипче: Мицевски бара Обвинителствто да покрене постапка

Енис Колашинац, газдата на фирмата „Зобек мининг груп“, кој го зела на лизинг луксузното „ауди Q8“ кажа дека возилото го…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?