Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: И по цена на мојата политичка кариера, преземам одговорност за уставните измени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: И по цена на мојата политичка кариера, преземам одговорност за уставните измени
ПОЛИТИКА

Филипче: И по цена на мојата политичка кариера, преземам одговорност за уставните измени

Објавено April 8, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Лично преземам целосна одговорност и го преземам целокупниот товар, па дури и по цена на мојата политичка кариера, за да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ и доколку Владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање, изјави за МИА лидерот на СДСМ, Венко Филипче во Брисел, каде денеска учествуваше на Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД).

Колку повеќе време одминува и колку околните земји напредуваат, толку потешко ќе биде ние да фатиме чекор со нив во следниот период. Социјалдемократскиот сојуз во секој еден момент, во која било форма што Владата ќе ја постигне согласно нивното ветување, кое што сега гледаме дека очигледно ќе биде едно од ветувањето кое што нема да го исполнат, а тоа е да ги подобри нашите позиции во делот на преговарачката позиција со Европската Унија, ние ќе го поддржиме тој план, нагласи Филипче.

Тој додаде дека Социјалдемократскиот сојуз ќе биде секогаш тука да ги поддржи сите процеси коишто значат развој на земјата и подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

– Ние можеме да разговараме за некакви ад хок решенија, меѓутоа сите тие решенија се краткотрајни. Вистинскиот напредок, вистинскиот прогрес, вистинските резултати, тоа што граѓаните сакаат да го видат, се темелат на зајакнување на правосудството, подигнување на стандардот, а со тоа и со сериозна борба со корупцијата во нашата земја, зајакнување на сегменти, како социјалата, образованието и здравството – впрочем тоа се барањата на граѓаните. А тоа може да се направи само исклучиво преку процесот на евроинтеграција, истакна лидерот на СДСМ.

Филипче нагласи дека гледајќи со какви предизвици се соочува Западниот Балкан, Групата на социјалистите и демократи, односно на сестринските партии на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, го организира денешниот настан во Брисел за даде една посебна поддршка од страна на социјалистичките и демократските партии во Европа на сестринските партии во регионот за да се забрза или засили патот на евроинтеграцијата.

– За жал чувството кога седиме на вакви состаноци е една голема фрустрација. Гледаме како околните земји кажуваат и објаснуваат како напредуваат. Гледаме што прави Албанија со која што до пред некој месец одевме паралелно на европскиот пат, а сега тие имаат конкретен план преговорите да ги завршат до Божик 2027 година и да станат земја членка на Европската Унија до 2030 година. Гледате како една интензивна работа ја носи државата напред, рече Филипче.

Според него, ние сега не може да се пофалиме со ништо и сме заглавени во место, а актуелната Влада „ниту има идеја, ниту има желба да направи чекор напред во однос на евроинтеграциите“.

– Јасно е што треба да се направи. Меѓународните договори мора да се почитуваат. Меѓутоа, на слатките зборови на претставниците на Владата тука повеќе никој не им верува. На сите им е јасно дека Македонија не може да оди со оваа Влада. Едноставно се нема никаква желба, ниту идеја, ниту план, додаде Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лажни дојави за бомби во две средни училишта во Скопје
Следна Статија Проф. Петрески: Владата треба да направи стратегија за прилагодување кон американските царини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Граѓаните преку QR-код ќе предлагаат идеи за Скопје – иницијатива на Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека победничката програма за развој на главниот град ќе ја изработи…

August 20, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ сака да се реформира

 Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево соопшти дека го отпочна сеопфатниот процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од…

February 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Гаши не очекува инциденти на гласањето: Ова се локални, а не историски избори

Срамота е после 34 години независност на Македонија ние повторно да зборуваме за опасност од инциденти на денот на изборите,…

September 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?