Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст
ЕКОНОМИЈА

Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

Објавено November 13, 2025 15:17
Сподели
Сподели

На денешната прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче истакна дека економијата на државата е во драматичен пад и дека Македонија денес се наоѓа на дното во регионот според сите клучни економски показатели.

„Ние сме со најмала минимална и просечна плата во регионот, а платите немаат изгледи да растат, највисока инфлација во регионот 4,5%, најнизок проектиран економски раст од страна на светска банка од сите земји во кој патем е целосно изеден од инфлацијата тогаш е јасно дека оваа влада не носи во економски амбис“, рече Филипче.

Филипче посочи дека граѓаните секојдневно го чувствуваат ефектот на лошите политики на власта кои ги гледа и во новиот буџет кој следните денови треба да биде презентиран во Собранието. Него го оцени како потрошувачки, а не развоен.

„Големиот дефицит од 3,5% од бруто домашниот производ, кој што патем е незаконски, понатаму приходите, кои што очигледно се проектирани да го пополнуваат дефицитот, а никако не се проектирани да носат раст и развој, и ако воопшто се реализира предвидениот раст на бруто домашниот производ од 3,8%, јасно е дека овој буџет е потрошувачки, а никако развоен. Нема ставка во буџетот која што укажува на тоа дека има инвестиции во некакви капитални проекти, во нешто што ќе носи дополнителен економски раст и развој на државата,“ рече тој.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одложено рочиштето за злоупотреба на спортски ваучери
Следна Статија Витраж со Тоше Проески со мотиви од „Полско цвеќе“ поставен на Гумење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800

Секојдневно расте бројот на производите кои ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка. Досега се 713, а се очекува да надмине…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Евростат: Во Македонија има најевтина храна од цела Европа!

Цените на храната во Македонија се најниски од цела Европа! Разликите во цените на храната во Европа се големи, а…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Телеком, A1, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија, најави Мицкоски

Компаниите од земјава кои се дел од странски корпорации, а остваруваат приход над 10, а профит поголем од 1 милион…

December 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од страна на ФЕД

Растот на акциите поттикнат од намалувањето на каматните стапки и оптимистичкиот економски поглед на претседателот на ФЕД Џером Пауел беше…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?