Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Подготвени сме за избори во кое било време
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Подготвени сме за избори во кое било време
ПОЛИТИКА

Филипче: Подготвени сме за избори во кое било време

Објавено January 28, 2026 17:27
Сподели
Сподели

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) е подготвен во кое било време да настапи на избори, вели лидерот Венко Филипче.

Тој вели дека е прилично сигурен оти во земјава ќе има предвремени избори.

„Дали ќе бидат на крајот на оваа година или на почетокот на следната година тоа зависи од неколку фактори“,рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

Лидерот на СДСМ го повтори она што неколкупати досега го изнесоа од партијата дека оваа Влада е тесно поврзана со авторитарните режими во регионот.

„Оваа влада е тесно поврзана, и ние тоа секојдневно го кажуваме и го аргументираме, со авторитарните режими во регионот – на Орбан и на Вучиќ. Избори ќе има и во двете земји. Многу работи ќе зависат од исходот на тие избори“,кажа Филипче.

Според Филипче, во земјата има тешка економска состојба, а оваа Влада ја носи државата во амбис.

„Мислам дека конечно на граѓаните им е јасно за каква Влада станува збор и дека повеќе нема да може да помине лажната пропаганда, со којашто тие дојдоа на власт во 2024 година, да потсетам со националистичка реторика, со лажна пропаганда дека СДСМ се предавници на националните интереси, ветуваа подобра Преговарачка рамка, а што направија ја изолираа земјата“,додаде лидерот на СДСМ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „One Stop Shop“ на граница пред летната сезона-Македонија и Албанија со нови мерки за побрз премин
Следна Статија Бараме поголеми плати – порачаа работниците на протестот на ССМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стојкоски: Пет капитални инвестиции во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во интервјуто за „Слободен печат“ тој вели дека во наредниот мандат…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Скопјани со денови се трујат, горењето на Дрисла е сериозна опасност за уште поголема катастрофа, велат од СДСМ

„Пожарот во Дрисла се уште не е изгаснат, власта со денови не може да се справи додека скопјани се трујат.…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Власта има обврска да сподели информации

Покажуваме конструктивност по прашањето на продолжување на евроинтегративниот пат на државата, но за жал, не гледаме одговор од премиерот Христијан…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Вториот изборен круг да биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста

Нека овој втор круг биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста. Да покажеме дека народот…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?