Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Објавено February 4, 2026 12:56
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, испрати порака со оддавање почит кон делото на македонскиот револуционер и визионер, Гоце Делчев.

“Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, еден од визионерите кој ги постави темелите на македонската државотворност.

Делата на Делчев се нашиот потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво.

Неговата порака за “светот како поле за културен натпревар на народите” и денес е јасен повик дека Македонија мора да оди напред, кон модерна, просперитетна и европска држава, а не назад во изолација.

Во време кога државата повторно се соочува со сериозни предизвици, да не дозволиме националните интереси да бидат заложник на дневна политика. Да го продолжиме аманетот на Делчев, да градиме напредна, праведна, демократска и економски силна држава, во која младите и сите граѓани ќе гледаат перспектива. Нека е вечен споменот на великанот Гоце Делчев”, стои во пораката на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Nitro Deck 2 за Nintendo Switch 2 достапен за претпорачување на Amazon со датум на издавање 1 мај
Следна Статија Кина забранува скриени сопирачки за врати на автомобили поради безбедносни причини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Мисајловски на средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт

Премиерот Христијан Мицкоски рано утринава се сретна со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија е опасно место за живеење за жените, реагираат граѓанските организации

Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од…

May 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Само во Македонија: Со багер му срушиле дел од куќата додека спиеле

Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип, каде сопственик на семејна куќа пријавил дека дел од неговиот дом бил…

July 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни

Истрагата за пожарот во Кочани, мора да заврши до средината на идниот месец. Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, во интервју…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?