Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата
ПОЛИТИКА

Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата

Објавено September 27, 2025 12:09
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес,  се осврна и на драматичната состојба со надворешната политика и меѓународниот углед на државата, оценувајќи дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл.

Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН,  претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано.“

Филипче го опиша ова како симболична, но многу сериозна потврда за тоа каде се наоѓа денеска државата на меѓународната сцена. Според него, Северна Македонија од земја што беше призната и поддржана од клучните стратешки партнери, денес е држава што единствено добива внимание на маргините, без реално политичко влијание, без сериозни разговори и без почит.

„Се сѐ сведува на правење селфија со некои дипломати по ходниците на големите светски институции,“, рече Филипче.

Тој потсети дека патот кон НАТО и ЕУ не беше лесен и не беше без политичка цена, но дека тој пат вредеше и беше правилен.

Во продолжение од обраќањето, Филипче истакна дека разликата меѓу поранешната и сегашната власт е токму во тоа што СДСМ секогаш го ставала интересот на државата пред партиските калкулации.

„И сега тоа е само еден дополнителен поттик да се бориме и да им кажеме на граѓаните дека нашите политики беа добри, беа во интерес на државата, на граѓаните, не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО.“

Филипче посочи дека со оваа актуелна власт европскиот пат е запрен, институционално и суштински, потенцирајќи дека  оваа  влада не сака да го продолжи европскиот пат.

Како што нагласи, недостасуваат лидерство, храброст и визија за иднината на државата, а власта бега од тешките одлуки и ги сведува сите надворешни ангажмани на површна слика за јавноста без реална содржина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти
Следна Статија ФОТО: Откриена бистата на полицаецот Тоше Тодоровски кој трагично загина во „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите на сексуално вознимирување да добијат заштита

Не е етничко, туку морално и кривично прашање, ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита. ДУИ…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Власта увезува странски работници додека дома има 100 000 невработени лица, вели Младеновска

СДСМ преку прес-конференција на Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор, обвини дека владата на Христијан Мицкоски „им ги отвора вратите“…

January 17, 2026
ПОЛИТИКА

Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје

Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава, кој е…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

На ДУИ не им се допадна одлуката за „Безбеден град“,бараат оставка од Костадиновски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поврзани со проектот „Safe…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?