Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков: Има време во наредните две недели да бидат донесени измените во Изборниот законик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков: Има време во наредните две недели да бидат донесени измените во Изборниот законик
МАКЕДОНИЈА

Филков: Има време во наредните две недели да бидат донесени измените во Изборниот законик

Објавено April 28, 2025 17:28
Сподели
Сподели

За да не ни се повтори искуството од минатото за препораките на ОДИХР да ни ги враќаат по секој изборен циклус, односно едно да влегува во Собрание, а конечниот резултат да ни е друг, овој пат сакаме да направиме широки консултации, рече министерот за правда Игор Филков за предлог измените на Изборниот законик на денешната прес-конференција на која информираше за реформската агенда и подготвените предлог-закони од страна на Министерството за правда во изминатите десет месеци.

На новинарско прашање поврзано со препораките на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваат на измени во Изборниот законик најмалку шест месеци пред одржување на изборите, Филков изрази надеж дека во наредните две недели политичките чинители ќе имаат волја и расположение да седнат на маса.

– Мислам дека има време во наредните две недели да седнеме доколку има расположение и политичка волја од страна на сите политички чинители. Можам да говорам во мојот дел како министер за правда и во дел на политичката партија која ја претставувам, рече Филков.

Прашан дали ќе бидат опфатени предлозите за измени во Изборниот законик на работната група предводена од Александар Новаковски од минатите избори, Филков рече „работната група ќе биде оптимизирана со време, ние се водиме по препораките на ОДИХР кои што ни се најбитни“.

Филков беше прашан и за тоа дали Министерството за правда ќе ја чека одлуката на Уставен за оценка на уставноста на одредбата од еден отсто од запишаните избирачи за кандидатура на независни советници и градоначалници или ќе се интервенира во Изборниот законик конкретно за таа одредба, за што тој кусо одговори дека ќе се чека одлуката на Уставен.

За тоа дали со измените е опфатена промена за земјава да стане една изборна единица, министерот рече дека досега тоа не било предмет на разговори.

Филков, исто така, беше прашан за коментар по средбата на работната група за реформи во правосудството, откако претходно бараше Социјалдемократите да предложат нови членови на местата од Ана Чупеска и Ана Михајлова Стратилати, за што рече дека средбата поминала добро, во работна атмосфера.

– Работната средба помина добро во работна атмосфера. Морам да признам една од пократките средби кои што во животот сум ги имал каде што од моја страна беа информирани за работите и работните процеси до каде се и каде тие би можеле да дадат свој придонес, а за тоа што претседателот на СДСМ не ги повлече говори за нивните капацитети, изјави Филков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голем прекин на струјата во Шпанија и во Португалија, не работат семафорите, метро-станиците, без струја се и главните градови ВИДЕО
Следна Статија Сиљановска Давкова за Законот за употреба на јазиците: Да се држат до Уставот и нема да згрешат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром

Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството

Истрагата за пожарот во Кочани е во тек и ќе одговара секој еден без оглед дали сторил или не сторил…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Имале пари за поправка на МНТ, ама седум години ништо не се направило кажа Љутков по посетата на театарот

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска го посети МНТ и рече дека затекнал две состојби, од едната е…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКИОТ БОДИБИЛДЕР ТОШЕ ЗАФИРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: „Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?