Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија
ХРОНИКА

Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија

Објавено February 21, 2026 18:28
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има информации во врска со марихуаната која беше фатена во Србија, а која излегла од земјава, но рече дека во интерес на истрагата не би сакал да споделува детали. За обвинувањата на опозицијата за тоа како излегла марихуаната од земјава, Мицкоски вели дека има вмешани функционери од поранешната Влада и упати на детали од МВР.

– Во интерес на истрагата не би одел чекор понапред, можеби Министерството може да сподели некој детал. Тоа што го имав за овој случај го кажав. Има функционери, но од претходната Влада. Има фирма која што е сопственост на поранешен претседател на СДСМ во Ново Село односно негов син, и.т.н. Да не одиме повеќе во детали. Можеби МВР може повеќе да сподели, но во интерес на истрагата би се задржал на ова што можам, рече Мицкоски кој беше на увид на градежните работи на Коридорот 8 во Гостивар.

Вчера Јавното обвинителството соопшти дека постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

Оттаму посочуваат дека истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на документација доставена од МВР, како и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија добиена преку меѓународна правна помош.

-Според наводите во наредбата, осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во неутврден период од 2025 година до крајот на јануари 2026 година, се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога – кокаин и марихуана. Секој од членовите на групата имал јасно определена улога при преземање, држење и пренесување на наркотичната дрога марихуана, заради нејзина понатамошна неовластена продажба. Двајца од осомничените, за кои српското Обвинителство за организиран криминал води постапка, заеднички и по претходен договор со првоосомничениот во овој предмет кој е сопственик на правно лице од Скопје, како и со други неидентификувани лица, организирале набавка на наркотична дрога марихуана и нејзино повеќекратно транспортирање од Република Северна Македонија до Република Србија со товарни возила, заради натамошна продажба, се наведува во соопштението.

Од Обвинителството посочуваат дека во декември 2025 година, првоосомничениот им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од правно лице од Струмица.

-Во период од околу две недели, вработените спакувале над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор. На 13.01.2026 година, во пладневните часови, двајцата ортаци (едниот осомничен во РСМ, а другиот во РС), организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе. Првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврати пренесени до наведената локација, се наведува во соопштението.

Во исто време, во атарот на селото Сарамзалино, како што се посочува во соопштението, останатите петмина осомничени на паркинг простор кај локалната црква во селото извршиле претовар на царинета стока од товарно моторно возило со приклучно возило, во друго товарно моторно возило. Потоа, осомничените заминале за Свети Николе каде во испразнетото товарно возило биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. По извршениот утовар, осомничените на кои претходно им беше определен краткотраен притвор со товарното моторно возило и приклучното возило, заедно со уште тројца осомничени со патничко моторно возило, се упатиле кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата.

-На 14.01.2026 година, во 03:41 часот, товарното моторно возило се исклучило од автопат и се упатило кон селото Коњух, каде заедно со други неидентификувани лица било извршено растоварање на кутиите со наркотична дрога марихуана во објект на правно лице од Крушевац, претходно обезбеден од осомничени лица за кои Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија води истражна постапка, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител оценил дека постојат околности што упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство, па на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложил да донесе решение со кое спрема двајцата осомничени на кои им беше определен краткотраен притвор да биде определена мерка притвор во траење од 30 дена

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 21-годишник од Свети Николе крвнички ја тепал бремената девојка и ја заклучил во соба
Следна Статија Принцот Вилијам: Нема место за Ендру и Хари во новата монархија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Контролор во ЈСП претепан од лице кое немало билет

На 12.01.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како…

January 13, 2025
ХРОНИКА

Директор и вработени во „Комуналец“ ќе одговараат за злоупотреба

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.Г.(56), Б.Г.(60), Р.Ф.(56) и Л.М.Н.(46), сите од Струмица,…

February 25, 2025
ХРОНИКА

Палчо обвинува: Телефонската анализа е фалсификувана во ОЈО Скопје

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжи денеска со изнесување докази од обвинението. Обвинителите посочија дека…

February 14, 2025
ХРОНИКА

Ограбени две финансиски друштва во Скопје, одземени пари од сефовите

На 17.01.2026 во 05:20 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?