Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фицо побара разрешување на Каја Калас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Фицо побара разрешување на Каја Калас
СВЕТ

Фицо побара разрешување на Каја Калас

Објавено January 11, 2026 17:14
Сподели
Сподели

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска побара разрешување на високата претставничка на Европската Унија за меѓународна политика, Каја Калас, оценувајќи дека Европската Унија „мора да се вразуми“.

– Европската Унија поминува низ криза каква што никогаш порано не доживеала. Само силните ќе преживеат, економски, воено или енергетски – рече Фицо.

Тој оцени дека, доколку ЕУ ги усвои пакетите санкции против Русија, тогаш требало да реагира на ист начин на постапките на Израел во Појасот Газа, наведувајќи дека ова е доказ за селективен пристап кон меѓународното право.

Тој ја повика ЕУ да престане да дејствува пасивно.

– ЕУ има доволна економска и популациска моќ за да биде глобален играч, а не само набљудувач. Или ЕУ ќе стане суперсила, или само ќе гледаме што прават другите – рече тој.

Според него, лидерите на ЕУ „знаат само дека ја мразат Русија“, но „тие не доаѓаат до свои решенија“.

Тој оцени дека некои земји сакаат да „ја ослабат Русија преку војна“, што не функционира.

– Додека сум премиер, никогаш нема да испратиме ниту еден војник во Украина – рече Фицо, додавајќи дека Словачка е подготвена да учествува во цивилни и хуманитарни проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале
Следна Статија Трајановски на средба со кинеската амбасадорка Сјаојан: Соработката во инфраструктурата ќе продолжи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Повторна средба меѓу Меркел и Обама: таа зборуваше на германски, тој на англиски

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и поранешниот американски претседател Барак Обама, блиски политички сојузници додека беа на функцијата, вчера повторно…

December 3, 2024
СВЕТ

Разбиена терористичка група во Австрија предводена од македонски државјанин

Во австрискиот град Сент Полтен, властите разбија група осомничена за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ (ИД), предводена од 20-годишен…

October 16, 2024
СВЕТ

Од затворот во Њу Орлеанс избегаа 11 затвореници, еден е уапсен

Денеска 11 затвореници кои се сметаат за вооружени и опасни, избегаа од затворот во Њу Орлеанс во американската држава Луизијана,…

May 16, 2025
СВЕТ

(Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, повредени неколку лица

Најмалку седум лица се повредени откако јужнокорејски воен авион случајно фрли бомби надвор од полигонот Сеунџин во Почеон, Јужна Кореја.…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?