Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Ова е младото момче кое се удави во Охридско Езеро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ФОТО) Ова е младото момче кое се удави во Охридско Езеро
ХРОНИКА

(ФОТО) Ова е младото момче кое се удави во Охридско Езеро

Објавено June 16, 2026 19:46
Сподели
Сподели

Огромна трагедија ја потресе Македонија кога младо момче се удави во водите на Охридското Езеро.

Според податоците од СВР – Охрид, утврдено е дека се работи за С.С.(20) од струшкото село Октиси. Безживотното тело на младото момче било забележано кај „Машка плажа“. Веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство.

На социјалните мрежи има пораки за последно збогум на младото момче.

„Муфтиство на Исламската верска заедница во Струга” на Фејсбук сподели емотивна објава:

-„Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме.“

Со длабока тага и голема болка ја примивме веста за трагичното преселување на Ахирет на младиот Сенит Селимоски, на само 21-годишна возраст.

Во овие тешки моменти, Муфтиството на Исламската Верска Заедница – Струга, во име на Муфтијата Х. Ади еф. Муртиши, Оперативата на Муфтиството, имамите, џамиските одбори и сите верници, ги изразува своите најискрени и најдлабоки сочувства до семејството Селимоски, роднините, пријателите, жителите на Октиси, како и до сите кои го познаваа и го сакаа починатиот.

Заминувањето од овој свет на еден млад човек во најубавите години од животот е болка што длабоко ги погодува срцата на семејството, пријателите и целото општество. Неговата загуба остави голема празнина и тага не само во семејството Селимоски, туку и во Октиси, Струга и пошироко.

Во овие моменти на искушение, се молиме Семоќниот Аллах да им подари трпение (сабр), сила и утеха на неговите родители, семејството и сите блиски. Верникот наоѓа утеха во верувањето дека секоја душа ќе ја вкуси смртта и дека враќањето кај Аллах е неизбежна вистина за сите нас.

Го молиме Милостивиот Аллах починатиот Сенит Селимоски да го опфати со Својата бескрајна милост, да му ги опрости гревовите, да му го осветли кабурот и да го награди со Џеннетул-Фирдеус.

Нека неговиот спомен остане вечен во срцата на неговото семејство, пријателите и сите што имаа чест да го познаваат.

Аллах да му се смилува и да го награди со Џеннет!

Амин.

Со почит и искрено сочувство,

Муфтиство на ИВЗ – Струга

Муфтија Х. Ади еф. Муртиши, стои во постот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aлбанските власти и ветиле на Марта Кос дека комплексот на зетот на Трамп ќе биде израден по сите еколошки стандарди
Следна Статија Вработените во обвинителствата незадоволни од законските измени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мајка го претепала детето, па доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.С.(40) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено…

August 13, 2025
ХРОНИКА

Младата дизајнерка Фросина е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“

Познат е идентитетот на загинатата девојка на „Партизанска“. Станува збор за 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино која беше студентка на…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство

Денеска (30.04.2025) од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е А.А.(54) од Скопје, кој…

April 30, 2025
ХРОНИКА

Возел 190 на место каде е дозволено 80км/час

Вчера во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?