Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Aлбанските власти и ветиле на Марта Кос дека комплексот на зетот на Трамп ќе биде израден по сите еколошки стандарди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Aлбанските власти и ветиле на Марта Кос дека комплексот на зетот на Трамп ќе биде израден по сите еколошки стандарди
БАЛКАН

Aлбанските власти и ветиле на Марта Кос дека комплексот на зетот на Трамп ќе биде израден по сите еколошки стандарди

Објавено June 16, 2026 15:24
Сподели
Сподели

– Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, во реакција околу дебатите за проектот за развој во областа Зврнец и Сазан, и загриженоста што ја изразија еколошките организации, наведува дека е во постојан контакт со премиерот Еди Рама и Владата и оти добиле гаранции дека овој проект ригорозно ќе ја почитува правната рамка на Европската Унија, во врска со заштитените подрачја и грижата за животната средина.

„Европската комисија е детално запознаена со документираниот административен процес во врска со Сазан и Зврнец, а самата комесарка Марта Кос јасно зборуваше во име на сите оние кои сакаат да се повикаат на фактите, напиша Рама споделувајќи видео од изјавата на Марта Кос.

Таа тврди дека албанската влада дала гаранции за овој проект, и порачува дека „сите треба да работиме врз основа на факти“.

„Албанија е една од земјите-авангарди во процесот на проширување и постигна значителен напредок во заштитата на животната средина. Овој напредок е вреден, признат и мора да се заштити. Во вакви ситуации, важно е сите да работиме врз основа на факти. ЕК е во постојан контакт со албанските власти, не само со премиерот Еди Рама. Добивме гаранции од Владата на Албанија дека ќе се спроведе целосна процена на влијанието врз животната средина и дека ќе се почитуваат европските еколошки стандарди. Фактот дека ова се случува додека Албанија поминува низ процесот на пристапување е значаен. Овој процес е правно и политички обврзувачки и е предмет на континуирано следење и евалуација, изјавила Кос.

Според неа во посета на Албанија била директорка за Западен Балкан, Валентина Суперти, која минатата недела во Тирана се сретнала со министерот за животна средина.

Додава дека во врска со проектот во областа како и за сите други развојни проекти во Албанија, тие мора да биде во согласност со законската рамка и стандардите утврдени во поглавјето за животна средина, поглавје 27 од процесот, е моментално отворено.

-Нашата улога ќе биде да потврдиме дали се исполнети релевантните стандарди. Дотогаш, ги охрабруваме албанските власти да продолжат да преземаат чекори што го поддржуваат исполнувањето на стандардите за затворање на поглавјата и да ѝ помогнат на Албанија да продолжи напред по својот европски пат. Во овој поглед, би сакала да додадам дека знаете колку е важно правото на протест за нас. Тоа е фундаментално право во нашата Унија и за сите земји кои имаат за цел да станат дел од неа. Среќена сум што гледам дека ова право се почитува во Албанија, оценила таа.

Во меѓувреме синоќа во Тирана беше одржан 16. протест „Фламинго револуција“, со најава дека ќе продолжат протестите се додека Рама не поднесе оставка и со извикувања „Рама во затвор“ „Бериша во затвор“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто Уругвај не успеја да ја совлада Саудиска Арабија
Следна Статија (ФОТО) Ова е младото момче кое се удави во Охридско Езеро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Генералот што ја бранеше Србија од НАТО бомбардирањето се врати дома

Генералот Небојша Павковиќ вчера пристигна во Белград по 20 години поминати во Хаг. Тој беше ослободен од затвор пред да…

September 29, 2025
БАЛКАН

(Видео) Демонстрантите во Србија фрлаа јајца врз автобуси со поддржувачи на Вучиќ

Вчера во Чачак се случи инцидент кога граѓаните запреа автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) кои пристигнаа од…

September 8, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Бебе паднало од трети кат од зграда во Нови Пазар и останало живо- очевидците шокирани

Двегодишно дете под неразјаснети околности паднало од третиот кат од станбена зграда во центарот на Нови Пазар. Според очевидци, детето…

October 13, 2024
БАЛКАН

Република Српска избира замена за Додик

Граѓаните на Република Српска денес ќе го изберат наследник на Милорад Додик, кој беше отстранет од функцијата од страна на…

November 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?