Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
МАКЕДОНИЈА

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии

Објавено May 15, 2025 18:43
Сподели
Сподели

Во населбата Пинтија во Кисела Вода денеска од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес. На лице место се екипи на ТППЕ Скопје за изолирање на инцидентот, а инспекторите од Град Скопје веќе изготвиле записник за хаваријата.

Како што информира Град Скопје, за ваков тип хаварија, покрај паричната казна за сторителот од 45 000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот.

Град Скопје апелира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Општина Кисела Вода под чија надлежност е објектот да постапат согласно надлежностите.

-Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице „Екопор“ не преземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес. За овој објект кој е под надлежност на Општина Кисела Вода апелираме до Општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата, наведува Град Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите
Следна Статија Зеленски: Моето доаѓање во Турција е јасна порака за Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика

„Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест, повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да…

January 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Груби се крие во албанското туристичко место Хамалај ?

Најновата неофицијална вест е дека поранешниот вицепремиер, Артан Груби, осомничен во случајот „Лотарија“, престојува во Албанија, во близина на Драч,…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДИК со официјални резултати: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 ќе има прегласување

Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Американски УСАИД истражители пристигнаа на Балканот – дали Македонија е следна?

По објавата дека американскиот истражител Мартин Де Лука, поранешен федерален обвинител на САД и член на тимот на претседателот Доналд…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?