Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии
СВЕТ

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапување територии

Објавено August 16, 2025 18:25
Сподели
Сподели

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави дека би го номинирала претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир доколку помогне да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, без Киев да мора да отстапи територии на Москва.

– Искрено, ако може да стави крај на овој ужасен воен конфликт, каде што Путин е агресорот кој изврши инвазија врз соседна земја и се обидува да ги менува границите – ако може да ја заврши војната без Украина да биде ставена во позиција да отстапува територија и со тоа да ја потврди визијата на Путин за ‘голема Русија’, туку напротив, навистина да му се спротивстави, што досега не сме го виделе, но можеби сега постои шанса – тогаш би го номинирала, изјави Клинтон во поткаст, во пресрет на средбата меѓу Трамп и Путин на Алјаска.

Таа додаде дека условите за мировен договор мора да вклучуваат прекин на огнот без територијални компромиси и постепено повлекување на руските трупи од окупираните територии.

– Ако тоа може да се постигне, а претседателот Трамп да биде архитект на процесот, би го номинирала за Нобелова награда за мир, бидејќи целта е да не се дозволи капитулација пред Путин, со помош и поддршка на САД. Тоа би бил ужасен преседан, нагласи поранешната државна секретарка.

– Сакам да верувам дека, од која било причина, вклучувајќи ја и Нобеловата награда за мир, претседателот Трамп би можел вистински да застане да му се спротивстави на Путин – не само во името на Украина, нејзината демократија и нејзиниот храбар народ, туку и во името на нашата сопствена безбедност и интереси, додаде Клинтон.

На ваквите изјави, Трамп одговори дека тоа е „многу убаво“ од неа, додавајќи: Можеби повторно ќе морам да почнам да ја сакам.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вреди: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа
Следна Статија ФФМ: Шкупи не обезбеди соодветен терен и нема да го игра натпреварот со Силекс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пратеник влета во италијанскиот парламент маскиран како дух, бара референдум (ВИДЕО)

Пратеникот на партијата ПиУ Европа, Рикардо Маџи, предизвика возбуда во италијанскиот парламент кога се појави во салата облечен како дух,…

May 15, 2025
СВЕТ

Масовен протест во Валенсија по поплавите, се бараат оставки од регионалните лидери

Околу 100,000 луѓе синоќа повторно излегоа на улиците на шпанскиот град Валенсија за да го осудат лошото управување на владата…

December 1, 2024
СВЕТ

Предупредивме дека постои голем ризик: Како се случи разорниот земјотрес во Мјанмар и зошто се стравува дека има илјадници загинати

Силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар „не беше неочекуван настан“, изјави за…

March 28, 2025
СВЕТ

Европската комисија најави пропорционален одговор на американските царини

Следната недела Европската Комисија ќе воведе контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?