Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватите од Македонија сакаат да влезат во Уставот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Хрватите од Македонија сакаат да влезат во Уставот
МАКЕДОНИЈА

Хрватите од Македонија сакаат да влезат во Уставот

Објавено March 6, 2025 11:08
Сподели
Сподели

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор , Гордан Јандроковиќ, кој е во тридневна псета на Македонија, јави Индекс.хр.

Тие, на официјалната средба со Јандроковиќ во хрватската амбасада во Скопје порачаа дека го негуваат хрватскиот јазик, историја и наследство, но ги посочија и предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението на хрватскиот Сабор.

На Јандроковиќ му биле „укажани предностите што ќе ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на Република *Македонија“, се наведува во соопштението.

Тој им рече дека Саборот работи на промоција на хрватското наследство во Македонија.

Јандроковиќ денеска треба да се сретне и со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, а потоа и со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Тој ќе има и обраќање во македонското Собрание.
Предвидени се и средби со хрватскиот бизнис клуб, кој обединува претставници на хрватските компании кои работат во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изградбата на автопатот Кичево – Охрид влегува во завршна фаза, дел од овој патен правец ќе биде пуштен во употреба пред ова лето
Следна Статија Зеленски прво потпишал преддоговор со Велика Британија за минералите, затоа Трамп збеснал!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема ризици по безбедноста и суверенитетот на државата од случувањата во Србија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека согласно информациите со кои располагаат клучните безбедносни институции во…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека Бугарите сакаат комплетно редефинирање на македонскиот идентитет

Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање што тие го имаат, туку комплетно…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се затвораат административните прашања- ќе се уредува паркинот на Клинички

Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”. Со оваа одлука, како што информира…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Средба Мицкоски – Сјаојан: Односите меѓу нашите две земји се темелат на заемна почит, разбирање и соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојан со која разменија мислења за продлабочувањето на пријателските односи…

February 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?