Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
ХРОНИКА

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини

Објавено October 29, 2025 13:33
Сподели
Сподели

Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња различна стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки.

На граничен премин Блаце, како што соопшти денеска Царинската управа, запленети се повеќе од 700 парчиња разна стока, меѓу која играчки, парфеми, козметика и мебел.

-Вкупно 600 парчиња разна стока, во најголем дел играчки се пронајдени во фабрички шуплини на комбе, управуван од македонски државјанин. Во друг случај откриени се вкупно 143 парчиња парфеми и козметика пронајдени под патосниците на задните седишта како и во багажниот простор на автомобил управуван од македонски државјанин. Во товарно возило кое на влез во државата е пријавено како празно, царинските службеници откриле вкупно три парчиња гарнитури мебел, се наведува во соопштението.

Царинските службеници на граничниот премин Табановце во текот на изминатите денови, во три одделни случаи заплениле 26 шишиња алкохолни пијалоци, над 200 парчиња електронски цигари и уред за авто-дијагностика. Дополнително, мобилен царински тим открил и спречил обид за шверц на осум сета воздушни и водни пумпи со соларен панел, наменети за фонтани и аквариуми.

Во првиот случај, како што информираат од Царинската управа, 26 шишиња алкохолни пијалоци со проценета вредност од околу 30 илјади денари биле пронајдени во автомобил со германски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин. Лицето не ја пријавило стоката со цел да избегне плаќање царински давачки во износ од околу 7 илјади денари.

Во вториот случај, царинските инспектори пронашле 209 парчиња електронски цигари во две торби на патник кој патувал со автобус на релација Брисел – Скопје.

Третиот случај се однесува на уред за авто-дијагностика, откриен во автомобил со привремени германски таблички, управуван од македонски државјанин.

Во посебен случај, Службата за мобилен скенер при контрола на товарно моторно возило откри осум сета водни и воздушни пумпи со соларен панел.

На граничниот премин Богородица, при контрола на стока во транзит, мобилни тимови запленија 1.200 парчиња безжични контролери за Sony PlayStation и 650 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки. Запленетата стока е одземена поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост.

На граничниот премин Ново Село, царинските службеници заплениле автоделови кои биле пронајдени во автомобил управуван од македонски државјанин. Стоката е запленета, а против сторителот е поведена соодветна постапка, велат од Царинската управа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски да одговори – од каде парцели во Жданец и вила во Грција?
Следна Статија Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонија тагува: Ова се девојчињата кои загинаа, познати се нивните имиња

Македонија тагува, Кичево е завиено во црно. Згаснаа животите на две ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“.…

August 23, 2025
ХРОНИКА

Има тешко повредени: Сообраќајна несреќа на регионален пат Тетово-Јажинце

На 13.09.2025 годинa во 09:40 часот во СВР Тетово e пријавено дека на регионален пат Тетово-Јажинце, во с.Теарце се случилa…

September 14, 2025
ХРОНИКА

17-годишно момче со десет убоди сакало да го убие својот татко, тој е во критична состојба

17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во…

September 7, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Убиецот од Штип имал четворица помагачи, сите се од Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?