Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за еден денар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за еден денар
ЕКОНОМИЈА

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за еден денар

Објавено January 26, 2026 13:53
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20.1.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,433% и кај мазутот зголемувањето е за 0,569%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0343%.

Од 27.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,099 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,112 ден/кг и сега ќе изнесува 33,099 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: Филипче е должен да одговори дали имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист пари од народот
Следна Статија Стојаноски: Заеднички именител за Филипче и Ахмети е криминалот, сега во опозиција се здружени и против граѓаните и нивната безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Претседателката Сиљановска Давкова денеска нема да го прати предлогот за нов гувернер до собранието. Таа ќе размислува уште два-три дена,…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка

Денес, во просториите на Народната банка, се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на…

May 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера изјави дека доаѓањето на работници од странство ја стимулирало економијата во…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Има притисок од странство на бензинските пумпи, но државните резерви можат да покријат 62 дена потрошувачка, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?