Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ценовен шок во маркетите – поскапеа млекото, месото, сирењето, јајцата, синдикалната кошничка повисока за 1.000 денари за неколку дена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ценовен шок во маркетите – поскапеа млекото, месото, сирењето, јајцата, синдикалната кошничка повисока за 1.000 денари за неколку дена
ЕКОНОМИЈА

Ценовен шок во маркетите – поскапеа млекото, месото, сирењето, јајцата, синдикалната кошничка повисока за 1.000 денари за неколку дена

Објавено May 10, 2025 09:44
Сподели
Сподели

Цените во маркетите рушат рекорди. Телевизија 21 беше во обиколка на неколку поголеми ланци на маркети. Регистриравме повисоки цени минимум за 10 до 20% на месо, млеко, сирење, кашкавал, јајца, ориз, кафе во однос на минатата недела, кога завршија владините мерки за замрзнати маржи и цени. Поскапени се и средствата за хигиена, овошјето. Најдовме и цреши за 1.359 денари за килограм, лубеница 219 денари за килограм. Бананите и јаболката отидоа до 100 денари, лимонот 150.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија, велат ова е неиздржливо. Кошничката со нивните 63 основни продукти, само оваа недела е повисока за 1.000 денари.

„Вредноста на синдикалната минимална кошница, после неколку денови од истекот на мерката е зголемена некаде околу 1.000 денари, што ни зборува дека доколку овие 63 основни прехрамбени производи за само неколку денови имаат промена на цените, зборуваме за промена на цените помеѓу 20,30, 50 и 70 денари, што останува за сите други производи“, рече Слободан Трендафилов.

„Цело време континуирано зборуваме дека трговците не се фер и го изигруваат секој момент кога нема мерки на сила за да ги потрошат и така ниските работнички плати.“, изјави Трендафилов.

Владата ќе реагира ако цените се покачат. Но тоа мора да го утврди Државниот пазарен инспекторат. Министерот за економија Бесар Дурмиши вчера се закани со поригорозни мерки ако трговците ги зголемат цените.

Според него горната граница на поскапување би била меѓу 15 и 20 проценти за да се реагира.

„Ако оди покачување на цената да речеме 10 проценти, 15, 20 проценти покачување на цената на одредени производи и ако ова се утврди од Државен пазарен инспекторат, значи во писмена форма не известуваат, ние имаме сектор внатре што прави анализи врз податоците што ги зема од ДПИ и врз основа на тие анализи и врз основа на тие податоци ќе донесеме, пак кажувам поригорозни мерки“, вели Дурмиши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 19-годишник во „мини морис“ удри во девојче кај „Сити мол“
Следна Статија Цените во Грција изненадуваат: Што ве чека на едни од омилените туристички дестинации?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека заврши со надградба на системот за…

March 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е стабилизирана, а девизните резерви се на сигурно ниво

„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Градежни инспектори нема ни за лек

Нема кој да врши инспекциски надзор во градежништвото, бидејќи последниот инспектор кој работел на тоа исполнил услови за пензија на…

March 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Работнички протест на 14 март – синдикатите бараат минималец од 600 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март во Скопје,…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?