Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЦО на СДСМ: Почна постапката за утврдување кандидати за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЦО на СДСМ: Почна постапката за утврдување кандидати за локалните избори
ПОЛИТИКА

ЦО на СДСМ: Почна постапката за утврдување кандидати за локалните избори

Објавено April 30, 2025 14:39
Сподели
Сподели

Од денеска започнува постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори, одлучил Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница.

Во таа насока, Централниот одбор, како што се наведува во партиското соопштение, го усвоил правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидатите на СДСМ.

Преку отворена, инклузивна, транспарентна и демократска внатрепартиска постапка, СДСМ заедно со своето членство ќе ги избере најдобрите кандидати за локалните избори. Целта е СДСМ да биде претставена од способни и кредибилни личности, кои уживаат доверба и во својата околина, и меѓу сопартијците, но и од граѓаните кои живеат во општините. Луѓе кои можат да испорачаат резултати и имаат капацитет да ја спроведат програмата со која партијата ќе настапи пред граѓаните, се наведува во соопштението.

Централниот одбор го овластил претседателот на партијата, Венко Филипче, да оствари разговори со постојните коалициски партнери на СДСМ, како и со потенцијални нови коалициски сојузници за настап на локалните избори.

Централниот одбор на СДСМ, стои во соопштението, оценил дека непосредно пред локалните избори, институциите под контрола на власта, координирано вршат притисок врз градоначалниците од редовите СДСМ.

Тоа го сметаме за тенденциозен политички притисок и претставува злоупотреба на државните институции во партиски цели од страна на ДПМНЕ. СДСМ со сите механизми кои ги има на располагање ќе го штити интегритетот на нашите градоначалници и ќе ги брани демократските стандарди и приници, велат од СДСМ.

На економски план ЦО оценил дека „се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредува: македонската економија продолжува да тоне, без никаква динамика и без раст над 3 отсто“.

Загрижувачки е што дури и проекциите на Светската банка се ревидирани надолу, при што Македонија е на дното во целиот регион. Економската криза сè повеќе го погодува животниот стандард на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со серија неефикасни и задоцнети мерки. Граѓаните денес живеат полошо отколку во која било година од последната деценија. Македонија има најниски плати во регионот, а плаќа едни од највисоките цени. Владата нема стратегија, нема визија, нема план, велат од СДСМ.

Оттаму порачуваат дека ќе продолжат со проактивни мерки и законски решенија во борбата за подобрување на стандардот на граѓаните но и целокупните состојби во земјата.

Во оваа насока, како што се наведува во соопштението, ќе бидат подготвени и предложени законски решенија во македонското Собрание.

Пратеничката група на СДСМ подготвува и специјален закон за обезбедување конкретна и директна поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Законот ќе биде поднесен во Собранието во текот на следната недела. Тој е изготвен според меѓународни искуства и добри практики од земји кои се соочиле со слични несреќи, се истакнува во соопштението.

Со законот, како што велат од СДСМ, се предвидува финансиска и институционална помош за семејствата на настраданите, како и дополнителна поддршка за оние кои имаат повредени блиски. Целта е да се помогне во надминување на последиците и трошоците што произлегуваат од трагичниот настан, но и да се зајакнат институционалните системи што се покажаа како недоволно подготвени.

СДСМ ги поддржува родителите и семејствата на настраданите во Кочани и останува отворен за разговори и соработка за сите прашања поврзани со случувањата. Но, СДСМ остро се спротивставува и го осудува секој обид за политичка злоупотреба. За време на средбата со родителите пратениците на СДСМ забележаа членови на подмладокот на политичката партија Левица, доколку се приклучиле со цел да извлечат политичка и партиска корист најостро ги осудуваме, се наведува во партиското соопштение.

СДСМ, како што посочувата, ја препознава потребата за длабоки системски промени и останува посветен на трансформација на начинот на кој функционираат институциите, во интерес на државата и сите нејзини граѓани. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Раст од 5,2 проценти на индустриското производство во март на годишно ниво
Следна Статија ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пратениците не се откажуваат од патните трошоци

Избраниците во народното Собрание тешко се откажуваат од привилегиите. Ниту овој парламентарен состав не ја поддржа иницијативата за кратење на…

February 12, 2025
ПОЛИТИКА

За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на…

November 12, 2024
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ЈО, Коцевски и обвинителите бирани во Струмица и Зајас 6 месеци не мрднаа со прст, затоа довербата во правосудството е 2%

Љупчо Коцевски како шеф на ЈО повеќе од 6 месеци имаше можност да почне да си ја работи работата за…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?