Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Црна Гора блиску до воведување седумчасовен работен ден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Црна Гора блиску до воведување седумчасовен работен ден
БАЛКАН

Црна Гора блиску до воведување седумчасовен работен ден

Објавено May 23, 2025 10:56
Сподели
Сподели

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“.

Спајиќ најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална политика, Наида Нишиќ, ќе води разговори во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите, во кои, како што рече, ќе се дефинира конечната верзија на реформата.

Намерата е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на трудот, која има за цел да го подобри квалитетот на животот на нашите граѓани и повеќе време за семејствата, но и поефикасна и попродуктивна работа. Токму на начинот на кој беа имплементирани програмите „Европа сега 1“ и „Европа сега 2“ – со согласност и со работодавачите и со синдикатите – конкретни чекори, во случај на реформа на работното време од седум часа, ќе се преземат исклучиво со целосна поддршка од социјалните партнери – рече Спајиќ.

Тој изрази уверување дека министерката Нишиќ, во име на Владата, ќе направи се за да се постигне договор во оптимален рок со цел да се исполнат очекувањата на граѓаните и да се зајакне позицијата на сите вработени во Црна Гора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски по средбата со Калас: Патот кон ЕУ е полн со предизвици и предолго чекање, државата очекува појасна потврда од Унијата
Следна Статија Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Разбиена најголемата мрежа за проституција во Албанија – уапсени организатори и приведени 48 жени

Албанските обвинителни власти објавија дека во Тирана е разбиена најголемата мрежа за проституција во земјата. Во акцијата се приведени 48…

October 5, 2025
БАЛКАН

Во Сараево се шири опасна болест која ја пренесуваат стаорци: Неконтролирано се размножуваат, во градот има повеќе од еден милион

Сараево се соочува со сериозна здравствена криза откако беше прогласена епидемија на лептоспироза – опасна заразна болест што се пренесува…

June 1, 2025
БАЛКАН

Нови детали од исчезнувањето на Данка

Родителите на двегодишната Данка Илиќ беа сослушани во текот на истрагата во Вишото јавно обвинителство во Зајечар, а нивните изјави…

October 16, 2024
БАЛКАН

Хрватска ги замрзна цените на горивата – дизелот 1,55, бензинот 1,50 евра за литар

Хрватската влада донесе одлука за ограничување на цените на горивата како одговор на наглиот раст на цената на нафтата на…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?