Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Честитка од Амбасада на САД по повод 8 Септември: Го цениме цврстото партнерство со Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Честитка од Амбасада на САД по повод 8 Септември: Го цениме цврстото партнерство со Македонија
МАКЕДОНИЈА

Честитка од Амбасада на САД по повод 8 Септември: Го цениме цврстото партнерство со Македонија

Објавено September 8, 2025 17:11
Сподели
Сподели

Амбасадата на Соединетите Американски Држави преку објава на Фејсбук упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава.

– Честит ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise! Оваа година е особено значајна бидејќи одбележуваме и 30 години дипломатски односи меѓу нашите земји. Во текот на три децении, изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и друго, се посочува во честитката од Амбасадата на САД.

Од Амбасадата упатуваат и на честитката од државниот секретар на САД, Марко Рубио, во која се посочува дека САД остануваат посветени на продлабочување на соработката за зајакнување на колективната безбедност и промовирање на просперитетот.

– Во име на Соединетите Американски Држави, им упатувам честитки на народот на Македонија додека ја прославувате 34-годишнината од вашата независност и 30-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите две нации. Соединетите Американски Држави го ценат цврстото партнерство на Македонија во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност. Како сојузник на НАТО посветен на одбраната на мирот и слободата, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана на самитот на НАТО ова лето, ја нагласува посветеноста на Македонија на нашите заеднички безбедносни цели. Додека ја одбележуваме оваа пресвртница во нашите односи, Соединетите Американски Држави остануваат посветени на продлабочување на нашата соработка за зајакнување на колективната безбедност, борба против транснационалните закани и промовирање на просперитет што создава работни места, се нагласува во честитката на државниот американски секретар Рубио. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aлкараз прв, Калин Ивановски на 800 место на АТП листата
Следна Статија Ахмети: Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Нашата визија е јасна, сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност, истакна премиерот Христијан Мицкоски…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почна да се чисти Железничката станица во Скопје

Директорот на Железница Инфраструктира Синиша Ивановски информира дека почна постапката за средување на железничката станица во Скопје. „Во насока на…

December 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ковачки: МВР прави исчекор во сузбивањето на криминалот и корупција

Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој зборуваше за актуелни теми, за…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?