Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четворица обвинети признаа вина во случајот „Штекли“ – за обвинетиот Раде Трајковски се бара соочување на психијатриски вештачења
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Четворица обвинети признаа вина во случајот „Штекли“ – за обвинетиот Раде Трајковски се бара соочување на психијатриски вештачења
ХРОНИКА

Четворица обвинети признаа вина во случајот „Штекли“ – за обвинетиот Раде Трајковски се бара соочување на психијатриски вештачења

Објавено August 7, 2025 13:30
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков – поднесоа предлог за признавање вина, по што судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

Во однос на обвинетиот Раде Трајковски Штекли, судот најави дека на следното рочиште ќе се соочат психијатриските вештачења од одбраната и Обвинителството.

Како што информираше судијата Илија Трпков на денешното рочиштете, во врска со психолошката состојба на Трајковски, одбраната доставила вештачење во кое се наведува дека Трајковски страда од растројство со шизофрени карактеристики, има халуцинации и параноидни идеи, и не е способен да ја следи судската постапка.

Спротивно на тоа, обвинителството доставило изготвено психијатриско вештачење  во кое се тврди дека Трајковски е апсихотичен и способен да учествува во расправата.

Претседателот на Судечкиот совет, потоа го одложи судењето за 3 септември со најава дека на наредната расправа ќе ги повика вештите лица од двете страни за да ги соочи нивните мислења. Потоа, како што рече, Судот ќе одлучи на кое вештачење ќе му поклони верба, или ќе нареди ново психијатриско вештачење доколку се утврди потреба.

Обвинителството за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага која вклучувала посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Според обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите
Следна Статија Алиу: За онколошки пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен, најскап ќе биде за граѓани кои не се пациенти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведен маж: Ја тепал својата сопруга,а во полиција го пријавила ќерката

На 31.05.2025 година во 20:20 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.К.(47) од Тетово, постапувајќи по…

June 1, 2025
ХРОНИКА

Македонка починала на плажата „Свети Стефан“ во Црна Гора

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судење за „Пулс“: За првпат преживеаните се сретнаа очи в очи со првообвинетиот Дејан Јованов – Деко

Главната расправа за трагедијата во „Пулс“ започна со изјаснување на оштетените, а глетката во судницата беше болно потсетување дека последиците…

December 2, 2025
ХРОНИКА

Падна рекетарска шема – фатено примопредавање на 165 000 евра

Со месеци закани, со години рекет, со стотици илјади евра исцицани преку страв и уцен. Бирото за јавна безбедност денеска…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?